Долготрајните последици предизвикани од стресот во раните години

Добиените податоци се резултатите од една студија која вклучувала 128 деца кои доживеале негрижа, злоупотреба или други сериозни хронични стресови во раните години од нивниот живот. Според ова истражување, хроничниот стрес предизвикан во првите години од животот може да има трајно влијание врз мозокот на децата кој што е во развој.

Долготрајните последици предизвикани од стресот во раните години

Стресот од овој вид во тие години може критично да влијае врз меморијата, на учењето и на тоа како емоциите се процесираат, вели ова истражување кое е објавено во весникот Biological Psychiatry. Истражувачите се обидувале да откријат зашто стресот точно во тие рани години може да доведе до такви видови на негативни манифестации подоцна во животот, вклучувајќи депресија, анксиозност, слаби образовни постигнувања, а исто така и физички проблеми.

Seth Pollak, еден од истражувачите, вели:

„Ние не можевме целосно да разбереме зошто работи кои што се  случиле кога сте имале  2, 3, 4 години остануваат со вас и имаат доживотно влијание.

Земајќи во предвид колку се скапи овие рани искуства за човештвото, сè додека не разбереме кој дел од мозокот е зафатен, ние нема да бидеме во можност да направиме нешто во врска со тоа.”

Истражувачите вклучиле и 128 деца на возраст од околу 12 години кои доживеале негрижа, злоупотреба и други сериозни стресови во првите неколку години од нивните животи. Децата и нивните старатели биле интервјуирани во врска со нивните искуства од првите неколку години од животот и во врска со било какви психички проблеми кои што би можеле да ги имаат сега. Нивните мозоци исто така биле скенирани, со специјален фокус на хипокампусот и амигдалата, два дела од мозокот кои што се однесуваат на тоа како мозокот ги процесира емоциите.

Резултатите од овие деца биле споредени со други деца од средно класни семејства кои што не биле психички злоупотребени и се покажало дека децата што доживеале хроничен стрес во раните години од животот имаат помала амигдала од децата кои што не доживеале таков стрес. Во продолжение, децата кои биле од многу сиромашна позадина или кои што биле психички злоупотребени исто така имале помал хипокампус.

Додека последиците од смалената амигдала се непознати, смален хипокампус е познат ризик фактор за негативни влијанија. Неизненадувачки, децата кои што страдале од раниот животен стрес исто така имале повеќе проблеми во однесувањето и исто така колку и да биле помали зафатените делови во мозокот толку поголеми биле проблемите во однесувањето.

Seth Pollak вели:

„Според мене е многу важно ние како општество да се грижиме какви видови на искуство ќе имаат децата. Ние ги обликуваме овие деца во какви индивидуи ќе настанат.”

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.