Два вида перфекционизам: Едниот мотивира, другиот саботира

Познато е дека перфекционизмот може да води кон анксиозност, депресија и психосоматски нарушувања. Сепак, новите истражувања велат дека може да се дифернцираат два вида перфекционизам – саботирачки и мотивирачки.

Негативниот перфекционизам главно е поврзан со анксиозноста поради потребата да се биде „совршен“, што може негативно да се одрази врз многу области на човековото живеење. Ваквиот вид перфекционизам во себе содржи постојана грижа за постигнување невозможно високи стандарди и страв од правење грешки. Покрај тоа, во голема мера вклучува грижа и страв од разочарување на другите. Истражувачите, откриле и дека овој вид перфекционизам е најсилно поврзан со „согорувањето“ од работа. Ова може да се случува и поради тоа што сработеното често може да биде неуспешно или ненаградено.

Два вида перфекционизам: Едниот мотивира, другиот саботира

Добрата вест е што покрај овој вид перфекционизам, постои и позитивен, кој е поврзан со повеќе позитивни исходи.

Луѓето кои поставуваат високи цели и работат напорно за да ги остварат, функционираат подобро од оние кои повеќе се фокусираат на својата анксиозност.

Ваквите заклучоци се добиени врз база на 43 различни студии во период подолг од 20 години.

Водечкиот автор на студијата Andrew Hill изјавува:

„Перфекционистите се заробени од страв и сомнежи во врска со својата изведба, што создава стрес кој може да води до согорување, по што луѓето може да стануват цинични и да престануваат да се грижат.

Исто така може да интерферира со врските и прави луѓето тешко да се справуваат со пречките бидејќи во секоја грешка гледаат катастрофа.“

Ансксиозниот перфекционизам е поврзан со сите видови здравствени проблеми вклучувајќи депресија, анксиозни расртојства, проблеми со исхраната, дури и рана смрт.

Сепак, повеќето луѓе имаат тенденции кон перфекционизам во некој дел од својот живот.

Др. Hill додава:

„Луѓето треба да научат да ги предизвикаат ирационалните верувања кои лежат во перфекционизмот преку поставување реални цели, прифаќање на неуспех како можност за учење, како и простување на себе си кога ќе погрешат.

Создавањето атмосфера каде се цени трудот и истрајноста е исто така од помош.“



Психолог, интегративен и гешталт советник. Основач, координатор и советник во здружението за едукација и развој „Психоинтегра“. Области на интерес и делување: психолошко советување и психотерапија. Aвтор на психолошки текстови кои помагаат во продлабочување на увидот во сопствената личност и поттикнуваат градење вредности и вештини за поисполнето и задоволно живеење. Поаѓа од идејата дека личната среќа започнува од контактот со себе и се остварува низ контактот со околината.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *