Едноставни психолошки трикови кои секој може да ги примени

Следните психолошки трикови може да ви го олсеснат секојдневниот живот и да го направат повозбудлив, давајќи ви чувство на контрола над одредени ситуации…

Кога некој ви поставува прашање, лесно може да го натерате да се согласи со вас доколку кимате со главата додека зборувате. Ги поттикнува слушателите да мислат дека тоа што го зборувате е точно.

Психолошки трикови кои секој може да ги примени

Доколку сакате да ги натерате своите деца да јадат зеленчук или овошје, не ги прашувајте дали сакаат, туку прашајте ги колку парчиња да им исечкате – 2 или 5, или пак дали го сакаат исечкано на коцки или на ленти. Така имаат чувство дека им давате избор, кој всушност го немаат (секако, за нивно добро).

Психолошки трикови кои секој може да ги примени

Кога ќе ви се „заглави“ некоја песна во глава, најдобар начин да се ослободите од неа е ако мислите на крајот на песната. Според Зеиганиг ефектот, вашиот ум продолжува да мисли на работите кои останале недовршени, така што ако мислите на крајот од песната, ќе можете да се ослободите од неа.

Психолошки трикови кои секој може да ги примени

Најдобар начин да поминете полесно низ гужва е доколку гледате кон вашата дестинација. Така патот пред вас ќе се расчисти. Во средини каде има многу луѓе, другите проценуваат во која насока се движат луѓето според насоченоста на погледот. Во тој случај или се придружуваат на текот, или се поместуваат од патот.

Психолошки трикови кои секој може да ги примени

Доколку мислите дека некој ќе зборува нешто лошо за вас на состанок, само седнете до него. Колку некој се наоѓа поблизу до вас физички, толку потешко ќе му биде да зборува за вас негативно. Во овој случај, поголема е веројатноста да бидат луѓето „помеки“.

Психолошки трикови кои секој може да ги примени

Доколку личноста со која разговарате го наклони само торзото кон вас, но не и стапалата, најверојатно не е заинтересирана за разговорот со вас. Случајот е обратен доколку и со торзото и со стапалата се насочени кон вас.

Психолошки трикови кои секој може да ги примени

Доколку ви е непријатно и избегнувате да правите контакт со очи, обидете се да откриете каква боја на очи има соговорникот (без да изгледа така) и при тоа насмевнувајте се. На некој луѓе, од некои причини, покрај ниската самодоверба, не им е лесно да одржат подолг контакт со очи. Оваа техника го одржува вниманието и самодовербата на повисоко ниво.

Психолошки трикови кои секој може да ги примени

На интервју за работа замислете го интервјуерот како ваш близок пријател. Ова може многу да помогне за зајакнување на вашата самодоверба.

Психолошки трикови кои секој може да ги примени

На првиот состанок, однесете ја личноста која ви се допаѓа на возбудливо место. Така позитивните, возбудливи чувства и искуството ќе ги поврзува со вас.

Психолошки трикови кои секој може да ги примени

Обратете им се со име на луѓето кои тукушто сте ги запознале. Тоа ќе ви донесе инстант можност за пријателство. Луѓето се чувствуваат ценето и допадливо кога им се обраќаат по име. Тоа исто така развива чувство на доверба и поврзаност.

Психолошки трикови кои секој може да ги примени

Кога се смее во друштво, секоја личност инстинктивно се врти кон личноста која ја чувствува најблиска или сака да биде најблиска.

Психолошки трикови кои секој може да ги примени

Кога се расправате со некој, застанете до него, а не наспроти него за да ја пренесете до нив својата порака. Може да ги имате најдобрите аргументи на свет, но доколку другата страна ве доживее спротивставено, сето тоа лесно паѓа во вода. Луѓето веднаш стануваат вознемирени и насилни кога другата страна прави да се чувствуваат дека не се во право. Застанувајќи наспроти нив само може да ги направи полути.

Психолошки трикови кои секој може да ги примени

Доколку сте среќни и возбудени кога ќе се сретнете со личноста која ви се допаѓа, голема е веројатноста дека кога ќе се сретнете во иднина и тој/таа ќе се израдува кога ќе ве види.

Психолошки трикови кои секој може да ги примени

Доколку работите услужлива дејност, ставете огледало зад вас. Така на клиентите ќе им биде помалку здодевно додека чекаат ред, или ако се лути да бидат посмирени бидејќи можат да си го видат изразот на лицето во огледало.

Психолошки трикови кои секој може да ги примени

Луѓето ја сакаат сликата за себе која ја изградиле. Доколку не сакате да ве замразат, не ја напаѓајте нивната слика за себе.

Психолошки трикови кои секој може да ги примени



Психолог, Интегративен и Гешталт советник.
Основач, координатор и советник во здружението за едукација и развој „Психоинтегра“.
Области на интерес и делување: Психолошко советување, Психотерапија и Човечки ресурси.
Aвтор на психолошки текстови кои помагаат во продлабочување на увидот во сопствената личност и поттикнуваат градење вредности и вештини за поисполнето и задоволно живеење.
Поаѓа од идејата дека личната среќа започнува од контактот со себе и се остварува низ контактот со околината.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *