Емоцијата која трае 240 пати подолго од останатите

Тагата е емоција која што трае најдолго, вели една нова студија која испитува зашто некои емоции траат подолго од останатите.

Во споредба со тоа да бидете иритирани, засрамени, изненадени па дури и да ви е досадно, тагата е таа која ги надминува сите останати емоции.

Емоцијата која трае 240 пати подолго од останатите

Студијата која е објавена во списанието Motivation and Emotion, вели дека тагата е поврзана со настани кои што имаат значајно и подолготрајно влијание врз животот на луѓето.

Saskia Lavrijsen, ко-афторот на студијата објаснува:

„Мислите се централното нешто за тоа зашто една емоција може да трае подолго од другите.

Емоциите поврзани со премногу мисловни процеси ќе траат подолго.

Емоциите кои што се вообичаено пократки, што некогаш и не мора да биде случај, се поврзани со настани од релативно ниско значење.

Од друга страна, емоциите кои се многу подолготрајни имаат тенденција да бидат поврзани за нешто многу битно.“

Резултатот доаѓа од истражување спроведено на 233 студенти, кои биле замолени да се потсетат на некои нивни емоционални искуства и да кажат колку долго тие траеле.

Еве колку долго од прилика траат емоциите:

Емоцијата која трае 240 пати подолго од останатите

Во екстремните ситуации, додека одбивноста и срамот имаат тенденција да поминат по 30 минути, тагата продолжува и до околу 120 часа. Досадата пак поминува за неколку часа, иако мислиме дека трае подолго!

Исто така, истражувањето покажало и силна поврзаност помеѓу некои емоции. На пример, стравот има тенденција да трае многу кратко, додека анкциозноста како блиска до него трае многу подолго. Слично, засраменоста поминува многу брзо, но чувството на вина има тенденција да остане многу подолго.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *