Емоционален мазохизам

Дали познавате личност или вие самите, сте познати по чести интересни љубовни приказни полни со проблеми, конфликти и недоразбирања? Доколку е така, можеби станува збор за страдање од само-саботирачки синдром кој во психологијата се нарекува „емоционален мазохизам“.

Емоционалем мазохизам

Во детството учиме за радоста и среќата од нашите родители. Ако во детството сме се сретнале со недостаток на среќа и радост во семејната атмосфера, тогаш високото ниво на задоволство и среќа во возрасниот период може да ни создаде анксиозност.

Во основа, сите од нас се пораснати со одредено ниво на среќа во кое се чувствуваме удобно (дури и тоа ниво да е ниско). Изразено во проценти, некои од нас се навикнати на ниво на среќа од 90 %, други со 75 %, некои со само 17 %. Кога оваа концентрација ќе се промени, дури тоа и да е во нагорна линија, многумина од нас почнуваат да се чувствуваат вознемирено, анксиозно бидејќи оваа нова зона е непозната и надвор од она што сме научиле, т.е. надвор од нашата зона на комфор. Така, ние инстинктивно може да направиме нешто за да го нарушиме она што ни го зголемува нивото на кое сме навикнале, за да се вратиме на истото (тоа може да го правиме во љубовниот живот, на личен план, професионален итн.).

Како можеме да си помогнеме ако сме склони кон емоционален мазохизам?

Првично добро е да разбереме дека многу од нештата кои ги правиме се поради трансфер од детството. Ние создаваме и задржуваме светоглед уште од детството, кој подоцна потребно е да го преиспитаме, и лично да поработиме на оние уверувања кои се погрешни и ирационални, а сме ги вкорениле во својата личност. Тогаш можеме да добиеме почисти и нови аспекти, за тоа како да го добиеме тоа што го сакаме од животот. Личноста може ова да го постигне преку процес на психотерапија и психолошко советување.

Откако ќе научите да не го обвинувате своето минато за страдањата, корисно за себе е да прифатите одговорност за својот живот. Иако можеби сте стекнале верувања и однесување според некои болни односи во минатото, во возрасниот период личноста има можност да одлучува за себе и самата да биде водител на својот живот.

Постои една причина која ја наведува култниот психолошки мислител Карл Густав Јунк во однос на формирањето на болните шеми. Тој верувал дека ние имаме потреба нашите животи да имаат смисла и цел. Кога ваквото нешто недостасува, создаваме штетна навика да создаваме драма и возбуда. Карл Јунг ова го нарекувал „ниско ниво на духовна потрага“. Добрата вест е што во ваков случај личноста може полесно да се ослободи од ваквата шема на однесување доколку постави повисоко ниво на потрага… како позитивна движечка сила која води кон развој.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.