Eмоционална недостапност кај мажи: мит или вистина?

Постои раширено верување дека мажите се помалку чувствувтелни во споредба жените. Многу жени кои се обраќаат за партнерско-брачно советување и терапија, доаѓаат со проблем дека партнерот не е доволно отворен, не сака да комуницира или не зборува доволно за тоа како се чувствува… Дали оваа појава зборува за тоа дека мажите навистина се помалку чувствителни или станува збор за некаков стереотип? Еден од најраширените стереотипи за разликите меѓу мажите и жените е – Мажите бараат само секс, а жените само сакаат да зборуваат за чувствата. Која е вистината во врска со со ова?

Мажите имаат поголема тенденција да бидат ориентирани кон цел, а жените кон процес

Голем дел од мажите се фокусираат на тоа како да ги изведат работите, без посебно размислување како се чувствуваат во текот на процесот. Голем дел од жените, пак, се фокусирани на искуството, некогаш и повеќе отколку кон самата цел.

Дали мажите се навистина емоцинално недостапни?

Раширениот мит за мажите е дека немаат доволно развиени чувства. Вистината е дека секако имаат чувства, сепак, полесно за нив е да ги изразат невербално отколку вербално. Таков е, осоено, случајот со изразувањето на лутината.

Покрај тоа, културолошките вредности и очекувања за маскулиноста кај мажите претендираат изразувањето на емоциите да се третира како „женски принцип“. Мажите, често во периодот на детството, кога ги изразувале отворено емоциите, наудувале на посрамување и критика од страна на средината. Така, поголемиот дел од машките растеле со верувањето дека да ги изразат емоциите е знак на слабост. Пораката „срамота е маж да плаче“ е само еден пример за верувањата дека за да се биде маж, потребно е да се негираат и потиснуваат чувствата.

Постои психолошки термин – алекситимија, со кој се опишува неможноста да се препознаат и опишат чувствата. Овој поим, ги опишува лицата со ограничен емоционален развој, кои не умеат вербално да ги опишат чуствата. Истражувачот Ronald Levant, го вовел и терминот „нормативна алекситимија кај мажи“, за да ги опише мажите кои немаат алекситимија во клиничка форма, но е присутна во блага форма (кај огромен број мажи). Всушност, некои експерти на оваа тема тврдат дека приближно 80% од мажите имаат, барем во некоја мера, блага форма на алекситимија.

Со влијанието на култоролошките очекувања и вредности, како и алекситимијата, може делумно да објасни зошто се јавуваат голем број заштитни механизми во увидот, изразувањето и контролата на емоциите кај мажите. Сепак, ваквата состојба не е непроменлива, и со советување и терапија секоја може да научи подобро да се препознаваат, именуваат и опишат своите чувства.

Ризик фактори кај емоционално дисконектирани лица

Кај овие лица, постои ризик фактор за дестуктивно однесување како – проблеми на зависност, алкохолизам, често менување на сексуални партнерки – тендендија да се воспоставуваат само површни односи, воркохолизам, зависност од обложување итн. Ваквите однесувања (кои служат за справување со непријатни емоционални состојби) даваат привидно емоционално ослободување или дистракција од моменталната состојба, избегнувајќи го соочувањето со срамот во врска со изразувањето на чувствата.

Емоционалната дистанцираност (дисконекцијата од своите чувства и чувствата на другите) води кон нарушување на релациите, чувство на незадоволство, дисфункционални и деструктивни однесувања, како и проблеми на зависност.

Мажите кои научиле дека да се биде во контакт со своите чувства и тие слободно да се изразуваат е знак на слабост, може да бидат во психолошки застој во својот развој. Како и да е, тие не мора да останат во таква состојба и може да работата на својата емоционална интелигенција и да ги надминат овие контрапродуктивни и ирационални верувања. Секој може да научи дека препознавањето и споделувањето на своите емоции не е закана за тоа да се биде маскулин (што тоа значи – постојат многу недоразбирања и конфликти околу оваа тема, но тоа не е прашање кое детално се обработува во овој текст).  

И да не заборавиме, потребна е голема храброст, свесност, одговорност, вештини и зрелост за да се има јасен увид во своите чувства, да се препознаат и конструктивно да се изразат и споделат со другите.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.