Емоционална злоупотреба во врска

Ништо не е толку уништувачки за самодовербата колку емоционалната злоупотреба во врска.

За разлика од физичкото насилство на кое поздината е предводена со драматична експлозија, емоционалното може да биде притаено и несфатливо. Во некои случаи, ниту насилникот ниту жртвата не се потполно свесни што се случува.

Најочигледното сценарио за емоционална злоупотреба во интимна врска е она во кое мажот е насилникот, а жената е жртва. Меѓутоа, број на студии покажуваат дека мажот и жената се злоупотребуваат меѓусебно во еднаков број. Важно е да се напомене дека емоционалната злоупотреба или емоционално насилство може да се јави во секоја врска – помеѓу родител и дете, пријатели, роднини.

emocionalna-zloupotreba-vo-vrska(1)psihologija.com.mk

Па, што е тоа емоционална злоупотреба? Вклучува вообичаен шаблон на вербално насилство, закани, константен критицизам, како и суптилни тактики како заплашување, посрамотување и манипулација. Емоционалната злоупотреба се користи за да се контролира и потчини другата особа, а тоа често се појавува поради раните од детството и несигурноста на насилникот со кои тој не се соочил – можеби како разултат на тоа што и самиот бил злоупотребуван. Насилникот нема научено механизам за здраво справување или како да одржи позитивна и здрава врска. Наместо тоа, тој се чувствува гневно, повредено, исплашено и немоќно.

Машките и женските насилници се склони да поседуваат висока стапка на нарушување на личноста, нарцистичко нарушување, антисоцијално нарушување на личноста итн. Како и да е, емоционалното насилство не води секогаш и кон физичко насилство, но физичкото насилство е често придружувано и од емоционалното насилство.

Жртвата на насилникот, малтретирањето често не го согледува како насилно. Жртвите развиваат механизам за справување како негирање или минимизирање како полесно би се соочиле со стресот. Но, долгорочните ефекти од долготрајната емоционална злоупотреба може да предизвикаат тешка емоционална траума кај жртвата, вклучувајќи депресија, анксиозност и пост трауматски стрес.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.