Емоционално писмо од лице со шизофренија

Драга Џејн,

Сè започна уште за време на школувањето. Јас бев срамежливо, плашливо дете…слабо. Она кое е секогаш параноично за сè наоколу. Нештото поради кое бев највеќе преплашен, е дека учителот може да ме погледне во очите и да ме натера да зборувам…да зборувам пред сите тие. Тие…кои ме осудуваа и зјапаа во мене…дури и кога ќе се свртев. Знам дека го правеа тоа.

Едноставно го мразев амбиентот. Отворениот воздух можеше да ме задуши. И знаеш Џејн, стана полошо кога почнав со факултетот. Затоа што тука, тие имаат презентации. Тоа е принудување за еден човек да стане и да зборува пред сите. Не сум присуствувал на предавање за да не морам тоа да го правам. Веќе заостанувам на два предмети со кои треба да го исчистам дипломскиот испит. Знаеш, така? Јас ти кажав колку е застрашувачки кога ќе застанам горе…тресејќи се…мумлајќи зборови кои едвај имаат некаква смисла. Не дека сум загрижен за тоа. Сакав само да трчам…да трчам далеку од нив. Можам да почувствувам како зборуваат за мене со нивните чудни очи фиксирани во мене.

Дури и кога одам во продавница, си мислам дека сите ме гледаат мене. Се навраќаат да ме погледнат повторно и да вперат прст во мене. Не ги гледам во очи. Не можам. Преплашен сум од тоа да си помислат дека не сум како нив. Не сум нормален. Не можам да бидам како нив. Не знам што треба да кажам и како да се однесувам во јавност. Постојано се чувствувам нервозно и непријатно. Што е пристојно, а што не е, како го знаат тоа? Јас не се смејам на глас бидејќи тоа може да ми биде смешно само на мене. Многу сум комичен кога запознавам нови луѓе. Имам проблем да го пронајдам правиот начин за да го сторам тоа.

Џејн, понекогаш имам чувство дека целиот свет е една голема местенка. Дека сево ова е некој вид на смешна лакрдија изиграна од луѓето околу мене. Очајно чекам да заврши, да се разбудам од овој луцидно ужасен сон. Изгледа како да сум постојано свесен. Како да имам очи и зад мојата глава. Како некој да ми кажува што не смеам да правам, шепотејќи внимателно внатре во моите уши. Знам дека тоа си ти.

Не можам никогаш да го заборавам денот кога прв пат те видов. Се криев подалеку од очите на професорот кога чув како некој одговара на глас. Погледнав позади за да те забележам…седеше еден ред зад мене. Ти тогаш ми понуди милослива насмевка. Тоа ме натера да се чувствувам предобро…за прв пат почувствував мир. Знам дека тоа беше ти кога одговараше, те чув толку гласно. Ти беше таму во истиот ред, на секое друго предавање на кое идев после тој ден. Но зошто тие ми велеа дека таму нема никој? Јас јасно паметам како изгледаше…исто како од мојата омилена новела.

Не ми се допаѓа кога ми кажуваат дека ти никогаш не си била таму. Не ги сакам нивните усилени и лажни конверзации. Нема никогаш да можам да се поврзам со нив. Со тебе, јас се чувствувам толку удобно. Многу сум поопуштен кога си ти во моја близина, исто како другите луѓе кога се пијани. Долго време не сум се почувствувал така нормално.

Драга Џејн, ова е моето 8 писмо кое ти го пишувам. Те молам одговори ми назад. Знам дека си таму. Ми требаш. Не ми требаат овие лекарства кога сум со тебе. Им кажувам дека ти ќе дојдеш да ме видиш во болницава. И тие ветија дека ќе ме пуштат штом ќе те видат тебе. Те молам дојди.

Твој,

Џими.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.