Емоционално зависни: Страв им е да бидат сами и немаат свое „јас“

Главна карактеристика на ова пореметување на личноста е претераната осетливост на критики, страв од напуштање,  љубомората поврзана со тоа и ставање на туѓите потреби пред своите.

Коренот е во недостатокот на самодовербата

Пасивно зависното пореметување е едно од најчестите пореметувања на личноста, подеднакво се појавува и кај мажите и кај жените и најчесто е во доцната адолесценција. Го карактеризира потценетост од другите, а луѓето кои го имаат ова пореметување им се чинат на останатите дека се пасивни. Коренот на проблемот е во недостатокот на самодоверба.

Емоционално зависни: Страв им е да бидат сами и немаат свое „јас“

Своите вредности ги бараат кај другите

Поединците со ова пореметување се зависни од мислењето на другите луѓе во врска со нив, кои им ја потврдуваат нивната вредност. Често ги привлекуваат јаки, доминантни личности, на кои им го препуштаат донесувањето на одлуките поврзани со нивниот живот. Додека одлуките кои сами ќе ги донесат ќе бидат цел на повеќекратно преиспитување (ова се однесува дури и на најмалите одлуки). Затоа и се доживуваат како да немаат свое „јас“.

Преосетливи се

Најболна работа им е критиката на нивна сметка или тоа што они ќе мислат дека е критика упатена кон нив. Ако некоја работа или збор има малку негативен нагласок тогаш се осеќаат нападнато и како да се на испитување. Тогаш реагираат одбранбено – се правдаат, бараат вина во другите или се повлекуваат во себе. Тоа однесување е слично како кај децата, а резултат на тоа однесување е несфаќањето дека се исто вредни како другите.

Најмногу се плашат од напуштање

Ако влезат во близок љубовен или пријателски однос, развиваат силна приврзаност кон другата страна која ја идеализираат и на која и придаваат поголема важност во нивниот живот, повеќе од доволното. Панично се плашат дека ќе бидат напуштени и дека ќе останат сами, па затоа на било која помисла на таква можност, уште повеќе ја нагласуваат својата потресеност – драматизираат. Таквиот став е често последица на некоја траума од детсвото.

Имаат голем потенцијал да бидат жртви на насилство

Бидејќи се научени да им удоволуваат на другите, страв им е од напуштање, песимисти се во поглед на своите способности. Овие луѓе се идеални жртви на насилство. Во такви ситуации сметаат дека другата страна  се однесува лошо спрема нив поради тоа што „заслужуваат“ да бидат повредени, и страв им е да си отидат, затоа што мислат дека нема да бидат во можност повторно да воспостават некој близок одност , т.е. нема никој друг повторно да ги сака.

Има помош

Поради зголемениот број на луѓе со благи или потешки облици на ова пореметување, често не го гледаат како проблем, ниту пак луѓето од нивната околината му даваат значење. Помош најчесто бараат кога нивното однесување и страв резултира во ситуации и проблеми со кои незнаат како да се носат. Стручните лица најчесто им помагаат преку психотерапија, со нагласок на зголемување на самодовербата, потикнување на самостојноста и продуктивноста.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.