Етнопсихологија

Психоанализа и култура

Психоанализата претставува поттикнувачка сила за развојот на етнопсихологијата.

Фројд – културниот човек ја интернализира енергијата во своето супер-его и на тој начин го овозможува општествениот опстанок. За недозволивото станува агресивен спрема самиот себе, пред сè преку чувството на вина.

Е. Фром – она што е значајно и ново во  развивањето на односот друштво – индивидуа е обликувањето на индивидуалниот карактер на таков начин да поединецот ги интернализира друштвените потреби, па несвесно ги задоволува, доживувајќи ги како свои: „Има желба да се однесува онака како што треба да се однесува“.

Ваквите мислења денес се критикувани од повеќе аспекти.

Етнопсихологија

Најчеста замерка која се става на психоаналитичките истражувања во областа на културата е дека се редукционистички и дека човекот главно го сведуваат на неговата психолошка димензија.

Етнопсихологијата го проучува влијанието на културата врз однесувањето на поединецот и социјалните групи кои припаѓаат на иста култура. Етнопсихологијата ги проучува и бројните различни влијанија на културата на појавата на менталните пореметувања, нивниот тек и лечење.

Етнопсихологијата е спој помеѓу психологијата и културната антропологија.

Предмeт на културната антропологија е културата сама за себе, со сопствените законитости, занемарувајќи ја човековата креативна дејност.

Фрекфенција и клиничка слика на различни психички пореметувања во различни културни средини

Етнопсихологијата и етнопсихијатријата вршат истражувања од овој тип.

Според некои спроведени истражувања може да се сумира:

Депресија – истражувањата на депресијата во различни културни средини се сложени, а резултатите понекогаш контрадикторни;

Шизофренија – спроведените студии упатуваат на сознание дека вариететите на шизофренијата се детерминирани и од културната припадност;

Неврози – влијанието на културата како фактор е најизразено во однос на фрекфенцијата и облиците на неврозите.

Психички пореметувања врзани за одредени културни средини

Тоа се невообичаени психијатриски синдроми, кои се ограничени на одредени културно-географски области:

Аmok – Првенствено е опишан во Малај, ама се сретнува и на Филипини и во некои Афрички области. Се јавува во вид на психомоторен раптус, следен со крајна хостилност и убиствени импулси.

Кoro – Синдром кој се јавува претежно кај мажи во источна Индија. Симптоми се: паничен страв и чувство дека пенисот им се вовлекува во стомак и им исчезнува.

Latah– се јавува најчесто кај средовечни жени од низок социјален статус во југоисточна Азија. Овој синдром се карактеризира со слепа послушност, ехолалија, ехопраксија, ехомимија, се е следено со мноштво на прекинати зборови.

Windigo психоза – се јавува меѓу Индијанците во северна Канада. Прв симптом е компулзивна потреба за јадење човечко месо.

Susto синдром – состојба на паника после некое трауматско доживување, следено со интензивен страв, хиперекситабилност, депресија и пад на телесна тежина. Се среќава кај деца и млади Индијанци во Перу.

Vudu смрт – Најчесто на Хаити. Смртта е последица на верувањето на поединецот дека е опседнат од зол дух.

 

Етнопсихологија – Д-р Диана Белевска




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.