Фатална љубов: тенка е линијата помеѓу страста и зависноста

Фаталната љубов е онаа која ни го одзема здивот додека ја гледаме на филмското платно, таа која ја паметиме за цел живот, но и онаа која нас може да ни го загорчи истиот. Според истражувањата повеќе од 80% од луѓето веруваат дека доживеале ваква фатална љубов во својот живот, а тој однос најчесто се опишува како љубов која боли.

Фатална љубов: Тенка е линијата помеѓу страста и зависноста

Уште од самиот почеток на врската доминира физичката привлечност, а поради страстите луѓето ја губат контролата над своите емоции. Затоа многумина од луѓето ќе речат дека во таква врска „ја изгубиле главата“ и правеле работи кои инаку не би ги правеле. Тогаш она романтично клише „не можам без неа/него“ го чувствуваме како универзална вистина, а помислата на прекинување на врската предизвикува физичка болка.

Корените се во детството

Во човековата психологија е дека потешкиот предизвик ни предизвикува и поинтензивни чувства, што не значи дека тие се вистински и точни. Фаталната љубов се однесува за два партнери кои што се некомпатибилни, но уверени се дека тоа што го чувствуваат е вредно за нивната болка, упорноста и трудот.

Психолозите објаснуваат дека често се работи за преземање на љубовните улоги од родителите, од нивниот брак, така да луѓето потсвесно мислат дека тие можат нешто да исправат, да докажат како љубовта е појака од сè или едноставно да го задоволат своето его и несигурноста како би докажале на себеси дека се доволно вредни и дека можат да се променат.

Психолозите фаталната љубов ја објаснуваат како нешто што е негативно за психата и често содржи елементи на драма, напнатост, страв, возбуда, болка и преголема среќа.

„Подбутнување“ нешто што не оди е чиста зависност

Никој не е имун на грешки, па затоа одржувањето на лошата врска е нешто што многу луѓе го поминале во својот живот. Сепак, едно е да е биде во лоша врска и да ја завршите, а друго е да не знаете како да ја прекинете или пак да ја прекинете и повторно да се вратите.

Причините зашто се останува во вакви врски, во кои најчесто се чувствуваме како да сме на емоционална вртелешка се најразлични, а точно во причините лежи решението на проблемот. Најважниот критериум со кој можете да ги препознаете и останатите причини е едноставно да се запрашате дали во таа врска вие сте повеќе среќни или несреќни.

Фатална љубов: Тенка е линијата помеѓу страста и зависноста

Треба да знаете да речете доста

Во љубовните врски расправиите може да станат прилично напорни, но ако навистина се сакате не би требале да се откажете – ова е пораката која ја кажуваат во филмовите кои зборуваат за „комплицираните врски“. Во вистинскиот живот најчесто се работи за конфликтните односи во кои луѓето не чувствуваат мир, стабилност, рамнотежа и пријателство со оние кои би требало да го делат животот – нешто што не може да заврши со „среќен крај“.

Скриени сеќавања

Сепак, не е сè така црно – затоа фаталните љубовни врски се сметаат за важен дел од емоционалното созревање, истакнуваат психолозите. Според нив во таквите односи се учат животните лекции за вистината – дека страста секогаш се „брка“ со љубовта, самите односи не се доволни за нешто да успее и дека тоа нешто што ни предизвикува немир не е добро за нас.

Затоа најдоброто што можете да го направите ако сте имале некоја таква фатална љубов е да ја ставите некаде во вашето сеќавање со сите добри и лоши спомени за деновите на една наивна заљубеност.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.