Фази на заљубеност

Заљубеноста е состојба која ја карактеризираат интензивни чувства, силна потреба за блискост, чувства на припаѓање и задоволство во односот со некоја личност, кон кои тежнее и ги посакува секој човек.

Елен Бадер и Пирсон опишуваат четири фази на заљубеноста кај луѓето

Прва фаза: Симбиоза (фаза на „меден месец“) – креативно лудило во пар. Основа е за подоцнежното инсистирање на сличност – колку сме едно (во гешталт теоријата познато како конфлуенција – термин кој определува дека е изгубена границата меѓу едната и другата личност).

Типично е за:

  • Зависен тип на личности – исто говорат, а суштински ја нема ни едната ни другата личност.
  • Хостилен тип на личности – застануваат на оваа, прва фаза.

Фази на заљубеност

Втора фаза: Дифренцијација (индивидуација) – во оваа фаза доаѓа до инсистирање на различност кај партнерите.

Партнерите имаат потреба за индивидуалност и секој е во потрага по својот терен. Чувството за „ние“ се намалува и се доведува во прашање опстанокот на врската.

Фази на заљубеност

Трета фаза: Слобода

Во оваа фаза, секој има свој пат и самореализација и во таа реализација всушност се доаѓа до „ние“. Можна е сепарација во оваа фаза доколку истата не се реализира.

Фази на заљубеност

Четврта фаза: Двајца – доколку не заврши во сепарација. Двајцата партнери уживаат во меѓусебното друштво, се поддржуваат, но функционираат во доволен простор за самореализација, каде ја изразуваат и својата потреба за индивидулалност.

Фази на заљубеност

Заљубувањето е една од најпосакуваните нешта за луѓето. Исто така, во секојдневното живеење често се вели и дека е тенка границата меѓу заљубеноста и лудилото. Науката пак, дава свои објаснувања за тоа што стои зад оваа, толку посакувана и особена појава за луѓето, но во чувствата и доживувањата на луѓето секогаш постои нешто повеќе, нешто што е над ваквите објаснувања. Погледнете го следното видео во кое се објаснува повеќе за заљубеноста.



Лиценциран психолог, интегративен и гешталт советник. Професионално, главно е фокусирана на областите: психолошко советување и терапија, работа со деца и млади, лица со посебни потреби и маргинализирани групи. Пристапува холистички, во насока на подобрување на менталното здравје, личниот развој, животниот стил и емоционалната добросостојба. Поаѓа од идејата дека добриот контакт со околината и задоволното - осмислено живеење се темелат на степенот на свесноста која ја поседуваме и квалитетот на контактот со себе си.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.