Феноменот дежа ву: Мистерија која сите барем еднаш сме ја доживеале

Преведено од француски „дежа ву“ буквално значи „веќе видено“, а опишува феномен во кој поединецот оддеднаш добива чувство дека знае што следно ќе се случи или како да ја доживеал веќе истата ситуација во која се наоѓа, го посетил местото или искусил нешто.

Погледнете помалку познати факти поврзани со тој феномен:

Теорија за потеклото на дежа ву

Научниците имаат неколку теории за тоа од каде потекнува чувството „веќе видено“. Конгнитивните психолози сметаат дека станува збор за заборавени делови од меморијата кои во својата основа се пријатни, додека следбениците на Фројд тврдат дека се работи за потиснати спомени од детството во кој его поединецот се потсеќа на неговото минато и скриените стравови.

Нешто побизарно гледање имаат парапсихолозите, кои сметаат дека дежа ву-то е резултат на сеќавањата од минатиот живот, пред реинкарнацијата во овој живот. Сепак, најчесто е прифатена тезата дека се работи за аномалија во меморијата во кое е видено нешто слично, па тоа нас не потсетува на заборавено.

Подврсти на „дежа ву“

Presque vu

Со ова се опишува сосотојба во која имаме нешто на „врвот на јазикот“. Имаме чувство дека ќе се сетиме или ќе изговориме нешто многу битно.

Deja entendu

Означува нешто што веќе сме го слушнале т.е. сигурни сме дека знаеме за што се зборува, но неможеме да се сетиме кој ни го кажал тоа и кога.

Deja senti

Се темели на позитивни чуства т.е. ни се чини дека во минатото за некоја ситуација сме се чувствувале идентично, но не можеме да се сетиме на деталите од таа ситуација.

Deja vecu

Означува облик на дежа ву во кој со сигурност знаеме што ќе се случи наредно.

Deja visite

Се однесува на точно препознавање и снаоѓање во некое место во кое никогаш не сме биле, но нам ни е познато од некоја причина.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.