Формирање клуб „Психоинтегра Млади“ – Повик за учество

Здружението за едукација и развој ПСИХОИНТЕГРА – Скопје го отвара својот прв повик за формирање  Клуб „Психоинтегра Млади“.

Наменет е за млади луѓе од Македонија на возраст од 18 до 33 години кои се интересираат или надградуваат во областа на  Хуманистичките науки и сакаат да работат на својот личен и професионален развој.

Членовите на оваа програма ќе имаат шанса да учествуваат во активностите организирани од страна на Здружението.

Што добиваат членовите на овој Младински Клуб?

  • До 25% попуст на сите семинари и обуки кои тековно се организираат во здружението
  • Учество на најмалку една работилница/семинар во текот на годината со покриени трошоци
  • Зајакнување на своето CV, учење нови вештини и стекнување нови контакти

 

Барањето за членство вклучува испраќање кратка биографија на: psihointegra@psihointegra.org

Членството во Младинскиот Клуб трае една година и чини 800 денари.

 

Подетално за досегашните активности на здружението можете да проследите на официјалната страна psihointegra.org




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *