Господин и Госпоѓа емоционални вампири: 7 типови на луѓе кои си го прават животот тежок

Господин Негативен

Не ми се допаѓа тоа. Сигурно работата ја добил со врски. Никогаш нема да успее – ова се омилените фрази на господинот Негативен. Овој тип на луѓе во ништо не гледаат позитивно, тие сакаат само да зборуваат и после дружењето со нив се чуствувате емоционално исцрпени. Неговата чаша е секогаш полу празна и во тој свет сака да ги повлече сите околу себе.

Господин и Госпоѓа емоционални вампири: 7 типови на луѓе кои си го прават животот тежок

Госпоѓа Во сè мора да биде во право

Нов автомобил, далечни патувања, луксузен накит – овој тип на луѓе имат се материјално во животот и сакаат да им го потенцираат тоа на другите. Секоја прилика ја користат за да се пофалат на својот најнов материјален успех. Секогаш себе се ставаат на прво место, а истото го бараат и од другите.

Господин Невоља е моето име

Овој вид на чуѓе често влегуваат во невољи, било тоа да е на работа, на љубовен план или во врска со родителите. Тие во сè бараат пречки и начин како да завршат некоја работа најбрзо што можат или со многу малку труд. Не сакаат обврски, не сакаат да се ангажираат 100% и не се грижат дека со нивното однесување може да ги повредат други околу нив.

Ѕвезда на забава

Овој вид на луѓе сакаат да се журкаат, а потоа бараат од другите да работат наместо нив. На друштвените мрежи изгледаат како да живеат живот за кој другите може само да сонуваат. Но, всушност ја користат секоја прилика да се извлечат од својот вистински живот. Не поднесуваат одговорност и наспроти годините се однесуваат како дете.

Господин и Госпоѓа емоционални вампири: 7 типови на луѓе кои си го прават животот тежок

Господин Сум го заборавил твојот роденден

На вас секогаш ви текнува за нивните родендени, годишнини или било какви други прилики, но кога е време за вас, овој вид на луѓе редовно ги забораваат. Најчесто се оправдуваат дека едноставно се такви, но забораваат дека со тоа нивно однесување може да ги повредат другите. Сакаат да бидат во центарот на вниманието, но не се спремни да се погрижат за другите.

Госпоѓа Во се сака да биде прва

Ако вие имате супер маица она таа ја посакува. Вие сте купиле нов домашен миленик, таа веднаш ќе истрча во пет-шопот. Ова сценарио совршено ги опишува луѓето кои секаде гледаат прилика за натпревар. Секогаш се жедни за пофалба и не се грижат ако украдат нечија туѓа идеја.

Госпоѓа Нема среќа во животот

Зашто јас не можам да напредувам? Зашто мене секогаш ми се случуваат лоши работи? – ова се зборови кои најчесто излегуваат од устата на госпоѓа Немам среќа во животот. Овој тип на луѓе ја искористуваат секоја прилика како би напоменале колку им е тешко во животот. Овој тип на луѓе мислат како да сите се против нив, но никогаш не им доаѓа на ум дека тие си се самите кројачи на својот живот.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.