Гушкањето има неверојатно влијание во борбата со болест, стрес и депресија

Според новите истражувања, гушкањето ги намалува штетните ефекти од стресот на телото на луѓе кои намерно биле изложени на вирус на настинка.

Гушкањето, како форма на социјална поддршка ги штити луѓето од разболување и дури ги намалува симптомите во случај на болест.

Гушкањето има неверојатно влијание во борбата со болест, стрес и депресија

Во студијата објавена во списанието Psychological Science, 404 здрави возрасни луѓе биле прашани за тоа колку добиваат социјална поддршка од другите луѓе (Cohen, 2014).

Испитаниците, исто така биле прашани колку често се гушкаат и колку често доаѓаат во конфликт со други луѓе. Потоа биле изложени на вирус на настинка во лабораторија (испитаниците се согласиле на условите на експериментот за паричен надоместок од 1000 $). Нивната состојба била следена во карантин за да имаат увид истражувачите дали испитаниците развиле настинка и колку се сериозни нивните симптомите.

Професорот Sheldon Cohen, водечкиот автор на истражувањето објаснува:

„Знаеме дека луѓето кои почесто се соочуваат со конфликти со другите луѓе, се помалку способни да се борат со вирусот на настинка.

Исто така знаеме дека луѓето кои имаат социјална поддршка се делумно заштитени од влијанието на стресот врз психичката состојба, како што е депресијата и анксиозноста.

Ние тестиравме дали перцепцијата на социјална поддршка е подеднакво ефикасна во заштитата од подложност на инфекции индуцирана од стрес и дали прегратките може делумно да влијаат на чувството на поддржаност и да ја заштитат личноста од инфекција“.

Резултатите покажале дека лицата кои се гушкаат почесто или кои сметаат дека имаат поголема социјална поддршка, имале помала веројатност да „фатат“ настинка. Оние пак, кои се разболеле, имале полесни симптоми ако се гушкале почесто и се чувствувале социјално поддржано.

Професорот Cohen изјавил:

„Ова зборува дека прегратката од блиска личност може да делува како ефикасно средство за давање поддршка и дека честото гушкање може да биде ефикасно средство за намалување на штетните ефекти од стресот.

Очигледното заштитничко влијание на прегратката може да се припише на самиот физички контакт или на гушкањето како индикатор за поддршка и интимност.

Во секој случај, оние кои примаат повеќе прегратки се повеќе заштитени од заболувања и инфекции.“



Психолог, интегративен и гешталт советник. Основач, координатор и советник во здружението за едукација и развој „Психоинтегра“. Области на интерес и делување: психолошко советување и психотерапија. Aвтор на психолошки текстови кои помагаат во продлабочување на увидот во сопствената личност и поттикнуваат градење вредности и вештини за поисполнето и задоволно живеење. Поаѓа од идејата дека личната среќа започнува од контактот со себе и се остварува низ контактот со околината.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *