Густ распоред: Мајките дневно исполнуваат 42 различни задачи

Септември е месец во кој родителите најмногу се исплашени поради зголемениот број обврски кои се јавуваат. Почетокот на училишната година преставува дополнителен товар врз нив, поради зголемените обврски и задачи. Тоа најтешко им доаѓа на мајките кои дневно исполнуваат околу 42 различни задачи, почнувајќи од активностите во кујната и чистењето, сè до подготовките на децата за на училиште. Речиси половина од овие задачи мајките ги исполнуваат пред девет часот наутро, пишува Daily Mail.

Густ распоред: Мајките дневно исполнуваат 42 различни задачи

Речиси 84 проценти од нив признаваат дека се мачат со зголемената работа. Најголемиот стрес го предизвикува готвењето, а дел од жените готват и по два оброка на ден, сè со цел да ги задоволат своите најмили, потврдило истражувањето.

Една британска водителка Andrea McLean вели:

„Мајките постојано извршуваат разни задачи без разлика колку и да се издржливи тие самите или колку време и енергија им одземаат тие задачи. Тие имаат тешка задача, треба да се грижат околу децата, да ја сочуваат кариерата и да ги вршат сите домашни работи, затоа и не е чудно кога бараат совети и трикови како би си ги олесниле сите тие задачи.“

Топ 10 задачи кои мајките ги извршуваат секој ден

  • Подготвување на доручекот
  • Перење на алиштата
  • Подготвување на вечерата
  • Подготвување на листа што да се јаде за наредниот ден
  • Подготовка на јадењето што децата го носат на училиште
  • Будење на децата
  • Миење на чиниите
  • Чистење
  • Пеглање на алиштата
  • Правосмукалка



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.