Хроничниот стрес во раниот период од животот предизвикува анксиозност и агресија во зрелите години

Невронаучниците пронашле дека социјалниот стрес во раниот период од животот може да предизвика проблеми со анксиозноста и агресијата во подоцнежните години.

Истражувањето доаѓа од експерименти спроведени на глувци, кои што биле изложени на хронично ниво на стрес во раниот животен период.

Хроничниот стрес во раниот период од животот предизвикува акциозност и агресија во зрелите години

Глувците со години споредбено во однос на луѓето како адолеценти, биле ставени во кафез заедно со агресивен постар глушец, во период од две недели. Иако глувците биле одвоени едни од други, адолесцентните глувци биле изложени на повторувачки кратки напади од страна на агресивниот постар глушец. По овој експеримент, било тестирано однесувањето на глувците .

Глувците со стрес покажале високо ниво на социјален дефицит, недостаток на ентузијазам за социјални интеракции и ниски способности за комуникација со другите. Нивните мозоци покажале намален развој во делот на хипокампусот кој е засегнт кога тие се во депресија.

Абнормална агресија

На друга група глувци им било дадено да се одморат откако биле изложени на агресивниот возрасен глушец. Додека траел одморот, глувците се опоравиле во однос на нивните мозочни клетки и во однос на нивното однесување. Сепак, сè уште имало знаци на абнормална анксиозност и агресија.

Еден од водечките автори Доктор Enikopolov, објаснува:

„Изложувањето на непријателска околина за време на нивниот ран животен период имало длабоко влијание и последици од тоа во однос на емоционалната состојба и можноста за интеракција со другите.“




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.