Играњето игри ви го зголемува волуменот на мозокот

Дали играњето игри (традиционални или видео игри) може да ве заштити од Алцхајмеровата болест?

Според едно ново истражување презентирано на Интернационалната Конференција за Алцхајмеровата болест во 2014 година, традиционалните игри како карти или сложувалки може да ви го зголемат волуменот на мозокот.

Играњето игри ви го зголемува мозокот

Заклучоците се базирани на претходни студии кои го поврзуваат играњето игри со зголемувањето на мозокот.

Stephanie Schultz и нејзините колеги во два центри за истражување на алцхајмеровата болест во Висконсин испитале 329 средновечни луѓе кои моментално немале деменција, но кои што имале ризик да ја добијат поради нивната семејна историја.

Заедно со скенирање на нивниот мозок тие биле прашани колку активно го користат мозокот, колку од нив играат игри, читаат книги, одат во музеи итн.

Резултатот покажал дека луѓето кои играат игри – како крстозбори, карти, сложувалки – исто така имаат поголем волумен на мозокот.

Schultz изјавила:

„Нашите истражувања сугерираат дека за определени индивидуи, впуштањето во свесни активни и стимулативни активности, особено тие кои што вклучуваат игри како слагалици, карти, може да бидат корисни во зачувување на мозочната структура и свесните активности кои што се слабост при алцхајмеровата болест.

Идните детални студии за специфични свесни активности, влучувајќи ги и игрите, можат да помогнат во нашето разбирање за тоа како активниот, здравиот животен стил може да ја одложи алцхајмеровата болест.“

Од дизајнот на ова истражување не може да се заклучи дека играњето игри навистина влијае врз зголемувањето на мозокот. На пример, може да значи дека луѓето со поголем мозок едноставно сакаат да играат повеќе игри.

Супер Марио

Но, постои уште едно истражување кое ги поврзува игрите со зголемениот волумен на мозокот.

Во студија објавена минатата година, германски истражувачи им дале на испитаниците да играат игри, 30 минути на ден во период од два месеца.

Нивниот мозок после тоа бил спореден со друга група на луѓе.

Луѓето кои ја играле играта (Супер марио 64) имале поголема сива структурна маса во делови од мозокот поврзани со меморијата, со навигацијата, структурното планирање и фините моторни функции.

Водечкиот автор на студијата Simone Kühn, објаснува:

„Додека предходните студии покажале различна стуктура кај луѓето што играат игри, сегашната студија може да ја покаже дирекната причинска врска помеѓу видео игрите и зглемувањето на волуменот на мозокот.

Ова докажува дека определени делови во мозокот може да бидат третирани со помош на видео игрите.“




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.