Импресивната моќ на советот од непознат

Повеќето луѓе се многу добри во давањето отколку во прифаќањето на совети. Кога се однесува на трошењето на нашите пари, ние мислиме дека знаеме најдобро што нè прави среќни.

Што знае човекот кој живее до нас или колегата на работа за тоа како ние треба да ги трошиме своите пари? Како што излегува, многу повеќе отколку што сме мислеле.

Импресивната моќ на советот од непознат

Замислите дека одите на 5 минутен брз состанок со некој непознат. Пред да го сретнете ќе ви бидат дадени овие две претпоставки од која вие ќе треба да одберете една од нив:

  1. Фотографија од него со автобиографија.
  2. Оцената што ја добил странецот од претходниот состанок.

Што мислите која од овие две работи ќе предвиди колку вие ќе уживате во тој брз состанок?

Ако сте како многумина од партиципантите тогаш вие ќе одите со опцијата под број 1. Причината за овој избор е тоа што вие сакате да си направите свое проценување отколку да зависите од нечие друго.

Ние сме сите различни, нели? Па така, еден партнер за некој може да биде перфектен, а истиот тој за некој друг може да биде хорор.

Во овој експеримент, рејтингот од претходниот состанок биле најдоброто предвидување за тоа колку луѓето ќе уживаат во него. Ова истражувачите го нарекле изненадувачка моќ на советот од пријателот.

Прашајте ја публиката

Еве еден кој е уште почуден.

Пред сè да ви дадеме неколку опции од кои што ќе можете да изберете. Замислете си дека ви давам да пробате чоколадно колаче. Што мислите, кое од следново ќе предвиди колку многу ќе уживате во него:

  1. Се замислувате како го јадете.
  2. Некој друг погодува за вас гледајќи го вашиот израз на лицето кога вие за прв пат го здогледувате колачето.

Можеби сега сте малку повеќе загрижени? Ако да, тогаш сте во право.

Кога бил спроведен овој експеримент, истражувачите откриле дека набљудувачите биле подобри во претпоставката за тоа што чувствуваат оние кои ќе го пробаат колачето, отколку самите тие.

Ова сугерира три работи:

  1. Ние не сме толку добри во предвидувањето во што повеќе ќе уживаме.
  2. Нашата потсвест знае подобро во што ние ќе уживаме, отколку нашиот свесен мозок (само во некои случаеви).
  3. Други луѓе знаат што ќе одбереме само гледајќи ни го лицето.

Овде не се мисли дека други луѓе може да ни ги носаат нашите финансиски одлуки за нас. Но, може да кажеме дека луѓето кои се слични на нас може да бидат подобри во претпоставката што би сакале повеќе.

Ние имаме тенденција да го игнорираме советот од другите во врска со тоа како ги трошиме парите, мислиме дека сме подобри во нашите проценки. Но напротив, истражувањето сугерира дека треба да дадеме повеќе внимание на советот од другите, бидејќи може да биде подобар од нашето самостојно проценување.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.