Интегративната терапија кај попречувања предизвикани од страв

Интегративната терапија може да се разбере како синтеза на веќе постоечките тераписки интервенции, со стремеж истите да се интегрираат, ако е можно и во новата теориска смисла. Ваква интеграција може да се изведе на различни начини.

Интегративната терапија кај попречувања предизвикани од страв

Шемата која следи прегледно го прикажува интегративниот тераписки модел. Според дијагностиката се состои од четири фази. Првите две се одвиваат во  поединечни тераписки сеанси, а се концентрираат на аспектите на конфронтацијата, проширени до аспектот на самоистражување, аспектот за свесност за секој момент, работа на физичкото опуштање и обработка на внатрешни дијалози. Последните две фази, наспроти тоа, кои се одвиваат во групните тераписки сеанси се систематско прилагодена терапија и ставаат нагласок на градење на однос, начин на воспоставување на контакти и мобилизирање на сопствената сила. Постапката се завршува со обработување на аспектот на врзување, самостојност и разделба. Одделните компоненти детално ќе бидат опишани во текстот кој следи.

 

Фаза I  – Контрафобиска работа

 

Почетната фаза на интегративната терапија се поклопува со класичната постапка во бихевиористичката терапија. Таа се концентрира на аспектот кој се нарекува прибирање, односно пороширување на информациите. За терапевтите тоа е неопходно за да може што попрецизно да се разбере пациентот и неговата индивидуална ситуација. За самиот пациент ова претставува првиот чекор во терапијата, така што тој на извесен начин се самоиспитува, а до тогаш тоа не го познавал. Со тоа анализата на однесувањето се става на прво место вооваа постапка.

Откако ќе заврши фазата на дијагностика, се преминува на аспектите опуштање и конфронтација. Притоа, опуштањето не се вклучува во смисла на тераписка интервенција, туку како вежба за пациентите со цел да развијат друг однос кон своето тело. Напнатоста може исто така да претставува избегнување на телесното дразнење. Напнатоста со својата вкочанетост го спречува чувството на „живост.“

Се продолжува со фазата конфронтација. Зависно од начинот и размерот на симптомите се одбира помеѓу сензитизација и in – vivo постапка, како што е во својот концепт, или спроведената конфронтацијата со дразбата која предизвикува страв. Во склад со добиената информација од анализата на однесувањето, терапевтот со пациентот развива диференциран експозиционен план.

Во спротивност со класичната постапка во експозиционата терапија, ја препуштаме свесната контрола на пациентот над вежбата (а со тоа и одговорноста). Иако, секоја сеанса е внимателно испланирана, сепак пациентот може во секое време да прекиене, или да продолжи ако тоа го сака. Со тоа се избегнува успехот или неуспехот на сенасата да се препише на терапевтот или на други фактори, а пациентот што е можно порано, се конфронтира со одговорноста.

Во времето на траење на конкретната експозициона вежба му помагаме на пациентот што е можно попрецизно да ги опише и почувствува наведените нивоа. Најважно, оваа концентрација исто така се усмерува – а тоа уште еднаш се разликува оваа постапка од класичната и бихевиористичката терапија – на содржината од личниот развој, на оштествените и приватните односи кои многу често се појавуваат во текот на конфротирачката сеанаса. Освен тоа веќе се изградил и патот за содржината на групната терапија која ќе следи.

 

Фаза II – Самоистражување и внатрешни дијалози

 

Тежиштето на втората фаза лежи во самоистражувањето на пациентите и на работата со внатрешните дијалози. По правило пациентите до овој момент се во многу добра состојба да се опуштат и да поработат на односот кон сопственото тело.

Телото редовно се скенира по симптомите на паника. Ако се идентификуваат такви дразби, започнува магичниот круг на спознавање и негатините оценки кои самите пациенти си ги припишуваат. На крајот на оваа постапка не стојат само паничните напади, туку по правило и чести префрлувања со кои пациентот дополнително самит се обезвреднува.

Првиот чекор во оваа втора фаза е да се направи со пациентот „патување низ сопственото тело“ и од него да се бара што поточно да ги опише чуствата до кои доаѓа, а да не ги оценува (почеток на паничен напад). Се работи по принципот „опишувње, а не оценување“. Телото веќе не се набљудува како машина која од време на време има неконтролирани „прекинувачи“, туку како дом на она што ние го означуваме со поимите „јас“, „себе“, или „мене“.

Работата на дишењето овде се покажува како многу поволна и значајна. Често нападот на паника е резултат на погрешното дишење (на пример, хипервентилација). Плиткото дишење наликува на воздржаност и контрола. Тоа е и како поттиснување на животните процеси, односно обид да се биде „неприметлив“. Притоа настануваат мисли и чувства кои може да се регистрираат и именуваат. Често може да се идентификуваат одредени напнатости кои одредени групи на мускули скоро во потполност ги изолират од остатокот на телото.

Додека се работи на овој начин, пациентот често има потреба да се изрази, нешто да вербализира или направи. Тоа се интерпретира како претходно поттснато, а сега ослободување на енергија која сака да се покаже. Многу често овие импулси се центрираат околу темата „оградување“, во најширока смисла на зборот. Доаѓа до изјави од типот „јас не“ и слично, односно до туркачки и одбрамбени движења со рацете и нозете.

По пат на вака конципирана работа, пациентот и терапевтот добиваат увид во тоа што се нарекува „внатрешен дијлог“. Тука се работи за конфликтни доживувања на односи кои добиваат облик на дијалог. Таквите дијалози се обидуваме да ги изнесеме на површина со помош на играње на улоги, така што може отворено да се вербализира со сите нешта кои се поврзани со тие чувства.

Овие внатрешени дијалози отсликуваат внатрешни ставови и верувања чија крутост и ригидност секој пат предизвикува запрепастеност. Во нивната срж стои како сопствената неспособност, така и верувањата за стопроцентна предвидливост на настаните од кои пациентот се плаши и одредени особини и карактеристики на личноста со која се поврзани. Смислата и целта на овие верувања е да се спречи повторувањето на срамните и обесхрабрувачки искуства, затоа што антиципаторниот карактер на личноста, контактот и неговиот резултат, веќе однапред се предвидува.

Овде се применува интервенцијата која се нарекува „дијалошка диспозиција“. Аналогно на експозицијата кај фобиските стимулси, се предвидуваат постепена експозиција од она од што се плашиме, односно избегнуваме и внатрешни искуства и чувства. Ефектот е еднаков: со постепена конфронтација на овие сили се губи моќта и контролата,  кои на крајот се пренесуваат на пациентот.

 

Фаза III – Изградба на однос и контакт

 

Ако во првата и втората фаза на интегративната постапка се одвива во поединечни сеанси, во третата фаза доаѓа до промена на тераписките услови. Сега следи групна терапија по принципи на прилагодена терапија. Со тоа, всушност заедно се продлабочуваат темите од претходните фази, а посебен акцент се става на околности во биографијата под кои настанале проблематичните области кај личноста.

Во сржта на прилагодената терапија лежи контактот и неговите механизми на прекинување. Начинот на кој пациентот остварува контакти, го обликуваат, го прекинуваат, или дури го избегнуваат, е поврзан со значајни искуства и интеракции во нивната биографија. Поаѓајќи од актуелната ситуација во групата, се идентификуваат механизмите на контакт и се обидуваат да се стават во нивните биографии. Понатаму, се идентификуваат имплицитни реакции за направениот контакт со интеракцискиот партнер и се подлегнуваат на повторна проверка, така што маладаптивните начини на однесување, верувања и очекувања јасно доаѓаат до израз.

Некогашните доживувања, спознавања и очекувања не се опишуваат и интерпретираат лесно, туку се сместуваат во актуелните ситуации и се истражува нивното делување. Пред да се истражат алтернативите, треба да се поттикнат пациентите да ги набљудуваат позитивните страни на нивното делување. Дури и лошо адаптивните начини на однесувањето имаат своја смисла, ако се стават во контекст во кој условите всушност биле усвоени. Често излегува дека тогаш биле важни за преживување. Денес тие најчесто се резултат на прекумерена генерализација и непроверени претварања на ситуации кои се од сосема друг карактер. Неуспехот е исто така однапред програмиран. Кај истражувањата и обработката на овие идеологии, тука исто така се применуваат техники на празна столица како и игри со улоги и други интервенции од прилагодени терапии.

Во следниот чекор пациентот се носи во контакт со точката која во него е причина за стравот (таканаречениот „производител“ на стравот). При соочувањето со овие аспекти од себе (на пример, во облик на работа со празна столица) можеби тогаш за прв пат доаѓа во контакт со онаа страна која е одговорна за негативните уверувања за себе и своите способности. Не толку ретко за време на овој „симболичен дијалог“ се појавува една одредена особа од биографијата чии реченици се превземаат (интроектираат) и го одредуваат запознавањето на светот и самиот себе. За време на тој разговор речениците во кои се верува уште еднаш се ставаат на критичка проверка. Постои одлука пациентите да се откажат од некои од нив. Границите кон „произведувачот на страв“ од ново се дефинираат.

Понатаму, според терапевтското правило „на пациентот не смее ништо да му се одземе, ако наместо тоа не можеме нешто друго да му дадеме,“ се набљудуваат неговите интересите надвор од симптоматските стравови. Факт е дека тој за време на почетокот на терапијата се однесува како во центарот на неговиот живот да се наоѓаат стравовите и со нив постои оптеретување. „Реалниот живот“ се одвива пропратно и само тогаш кога чувството на страв не е толку интензивно. Кога ќе се откријат сопствените интереси кои се потиснати во позадината, настанува баланс при соочувањето со стравот. Пациентите не се создадени „само од страв“ туку од многу повеќе аспекти. Истовремено, работата на личните интереси води кон сигурност во живеење со светот која во минатото страдала во однос на симптоматиката, односно со нејзиното избегнување проблемите почнуваат да се вртат околу други аспекти на животот како што се (нови) врски, (нови) работни желби…

Оваа работа особено покажува дека позади поремеувањата предизвикани од страв често стојат и неразјаснети односи со важни личности од својот живот. Искуството покажува дека нивното откривање и повторното проверување многу позитивно влијае на симптоматиката. Повторно се создава чувство на внатрешна сигурност која пациетнтите ја познавале само од времето кога биле ослободени од стравот.

 

Фаза IV – Врзувања, разделби и самосталност

 

При крајот на терапијата, во 4-тата фаза на терапискиот модел, изронуваат уште две далечни аспекта кои се многу значајни за заклучување на терапијата, а тоа се терапиите на врзувања и разделби.

Редовно сме сведоци на тоа дека групната терапија во почетокот, пред сè поради тоа е делотворна, бидејќи учесниците забележуваат дека не се сами со својата симптоматика. Терапевтите, по правило, се претерано идеализирани, а внатре во групата се изградува релативно силна кохезија и чувство на припадност, поради што стравот („сите ние сме во ист чамец“) претставува поврзувачки фактор.

Но, може да се набљудуваат и спротивните појави. Многу често ги наоѓаме кај пациенти кои отворено се бранат да бидат интегрирани во групата, затоа што чувствуваат дека со обзир на својата проблематика се „на погрешно место“ и размислуваат дека нивната симптоматика е комплетно различна од онаа на другите и дека поради тоа им е потребен еден потполно различен третмански пристап. Со други зборови, и тука може да се набљудува поларизирање. На една страна е изолацијата од групата, а на другата е многу силното чувство на припадност.

Терапевтите се обидуваат да ја искористат групната ситуација, а таква екстремна поларизација ги разрешува конкретните обраќања. При тоа кај пациентите помага меѓусбено да ги разменат своите сознанија за групата и за врските кои се изградени помеѓу одредени членови во таа група. Тука исто така се појавуваат и видливи причинители од својата биографија. За време на работата во групата често се претпоставува дека врските кои се остварени на почетокот имаат „соодветен карактер.“ Се „одбираат“ и запознаваат оние луѓе кои покажуваат одредени особини кои ги покажуваат одредени особи (на пример, изразено сигурни, изразено забавни…)

Последната фаза на терапијата се концентрира на аспектите на разделбата, бидејќи овие чувства во тој момент се значително надојдени, а со тоа јасно постои и ризик на ретрауматизација, односно повторно распламнување на симптоматиката. За разлика од тие претходно, на пациентот му се нудат можности отворено да разговара за своите чувства поврзани со разделбата од терапевтот и групата.

 

Извадок од Клиничка психологија, Биро М. и Бутоло В.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.