International Kids Academy

International Kids Academy

Од 1-ви Септември 2015 година со работа започна новата градинка International Kids Academy.

За градинката

Градинката е лоцирана во тивок и мирен дел од населбата Тафталиџе во Карпош. Локацијата е лесно достапна од центарот на градот, затворена со заштитна ограда и надвор од бучавата на главните улици. Зградата е опремена во согласност со најновите меѓународни стандарди и нејзините уредени зелени површини ќе придонесат за прекрасно поминати дневни активности кои ќе останат во убаво сеќавање на децата.

Нашите вработени

Нашите воспитувачи се високообразовани и квалификувани за работа со деца на претшколска возраст. Во градинката се употребува англиски јазик.

Методологија

Цврсто веруваме дека секое дете поседува исклучителен талент и уникатна интелигенција. Исклучителноста на децата треба да се негува, сè со цел детето да се пронајде себеси. Воедно отварајќи ги портите на свет исполнет со радост и возбуда кои ќе го одведат на патот кон сопственото откривање.

Исхрана

Децата кои ќе ја посетуваат целодневната програма ќе имаат обезбедено два главни оброци (појадок и ручек), покрај претпладневната и попладневната ужина. Содржината на секој оброк е внимателно селектирана во соработка со нутриционисти и родители.

International Kids Academy

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.