Интервју со Марина Анчевска – НЛП Тренер

Интервју со Марина Анчевска, НЛП тренер и основач на првиот меѓународно акредитиран НЛП центар во Македонија

Што е НЛП? Како наједноставно може да се објасни оваа метода?

НЛП е светски призната метода, која ја изучува структурата на субјективното доживување. Не е толку важно за што размислуваме, туку како ги креираме размислувањето и однесувањето и како тие дејствуваат врз нашата емотивна состојба.
Невро се однесува на тоа како ги процесираме информациите т.е како размислуваме.
Лингвистичко – како го искажуваме внатрешниот свет во зборови. Јазикот не е доживувањето, туку само репрезентација на доживувањето.
Програмирање – збир на обрасци кои што го креираат однесувањето и ги подредуваат нашите акции за да ги постигнеме целите.

Откривајќи го својот внатрешен свет преку моќните НЛП техники, вие доаѓате до сознание дека, никој друг освен самите вие, не е креатор на вашата реалност. Вие секогаш имате избор како да размислувате, како да се однесувате и како да се чувствувате.

Кои се придобивките од невро лингвистичкото програмирање?

Невро-Лингвистичко програмирање (НЛП) е исклучително моќен концепт. Според многумина индивидуалци и професионалци, практиканти на НЛП техниките, тој ги содржи најдостапните, најпозитивните и најкорисните аспекти на модерната психологија. На тој начин, НЛП-то, се користи во секој аспект на личните и меѓу-човечки односи.
НЛП е збир на техники што ви помагаат да се ослободите од бескорисни обрасци на размислување и однесување и да превземете нови, позитивни и конструктивни пристапи кон животот, што ќе ви донесат успех на секое поле, лично и професионално.
Со примената на НЛП техниките доаѓа до промена на верувањата и вредностите, го откривате својот личен идентитет, а мисијата и визијата не остануваат само запишани, туку и вистински се живеат.
НЛП користи голем број на практични техники кои што се лесно применливи во секојдневниот живот и нивната примена овоможува долгорочни промени.
Искуството на доживување на НЛП програмата, за многумина е искуство кое им го менува животот, а неговите техники нудат значителни предности на луѓето кои ги вршат поголемиот број функции во организациите:
Директори и високо раководство, раководители на сите нивоа, луѓе кои работат во продажба, вработени во областа на човечки ресурси и кариерно советување, управници/организатори, медиумски личности, обучувачи, оперативни лица во грижа за корисници, инженерски и технички персонал, лица кои работат на прием на странки и секретари итн.

За што се работи во вашата нова книга „Едноставно Јас“ и за кого е наменета?

Оваа практична книга ќе ве однесе онаму каде што свесно или несвесно секој посакува да биде.
Човекот функционира на четири полиња:
Ментално поле, физичко поле, поле на енергија и поле на душата.
Сите четири полиња влијаат едно на друго и се надополнуваат.
Книгата нуди начини како да препознаете на кое поле е потребно да дејствувате за да креирате хармонија во сите други полиња.
Најпрво запрашајте се себе си дали трошите или инвестирате време, пари и енергија?
Дали ризикувате, правите нешто ново со цел да креирате промена или останувате на сигурно, затоа што тоа ви е познато и знаете што да очекувате?
Овие и многу други прашања, практични вежби и искуства од областа на Невро лингвистичкото програмирање, коучингот, емоционалната интелегенција, јогата и семејната терапија ќе ве поттикнат да бидете едноставно свои!
Целта на книгата е допре до секој кој што се стреми кон развој. Вие сме многу подобри, од тоа што мислите дека сте и можете многу повеќе од тоа што го правите сега.
Затоа имате две опции: да останете скептични и постојано да барате изговори или да преземете акција и да направите промена.

Како една личност да го започне процесот на личниот развој?

Универзумот му подарил огромни подароци на човекот, меѓу кои најзначајни се:

Изборот да размислува, да биде свесен, да живее со сопствената мисла, да чувствува што посакува, што му е потребно, да сака и да биде тоа што сака да биде!

Не е доволно да се има самодоверба и да се знае што да се одбере и како нешто да се направи за да се преживее. Потребна е и самопочит, чувство на лична вредност.

Довербата во себе, ја стекнувате преку искуства и со секое искуство Вие сѐ повеќе и подобро ги осознавате Вашите несвесни процеси што го креираат Вашето однесување и дејствување. Доаѓате во контакт со себе и на тој начин креирате самопочит, самодоверба и автентичност. Никакво значење нема да има моќта на мислата, што ни е подарена од Универзумот, сѐ додека размислувањето и знаењето не ги преведеме во акција.

Вие поседувате моќ на избор. Секогаш имате избор како ќе размислувате, како ќе дејствувате и какви чувства ќе имате за вашите избори.

Животот е процес и тој процес не е секогаш предвидлив. Меѓутоа, токму таа неизвесност креира слобода на изборот. Ние не мора да бидеме затвореници на вчерашните избори. Секој ден е можност за нов избор кој носи нови искуства, нови предизвици.

Промените и личниот развој:




Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *