Изворот на најсреќните и најтажните моменти во нашите животи

Кога ќе погледнете наназад кон вашиот живот, кои моменти ви предизвикале премногу болка, а кои пак премногу задоволство?

Некои можеби ќе си помислат дека тоа се индивидуалните постигнувања, како на пример унапредување или пак индивидуални неуспеси, како на пример неположување на испит.

Изворот на најсреќните и најтажните моменти во нашите животи

Но всушност, истражувачите сугерираат дека социјалните односи се оние кои ни ги предизвикуаат највисоките и најниските моменти во нашите животи.

Доктор Shira Gabriel, водечкиот истражувач на ова истражување вели:

„Многу од нас поминуваат голем дел од своето време и енергија на индивидуални постигнувања, како на пример тие од работа, некое хоби или на образовно ниво.

Но, ова истражување покажува дека моментите кои ни се најбитни во нашиот живот, моментите кои ни носат многу среќа, но од друга страна и многу болка се социјалните настани – моменти на конекција со другите и чувството на возвратената конекција назад кон нас.“

Преку серии на испитувања луѓето биле прашани во врска со нивните позитивни и негативни моменти во нивните животи.

Студентите на факултет воглавно кажале дека најинтимните моменти биле оние поминати со нивните родители и дека тие биле едни од најсреќните, а истото ова го кажале и средовечните луѓе.

За студентите и средновечните луѓе нивните не социјални моменти биле академските успеси и неуспеси како и работата соодветно.

Но, без разлика дали станува збор за студенти или средовечни луѓе, тие кажале дека настаните и моментите кои биле поврзани со другите луѓе, биле оние моменти кои им предизвикале најсреќни, но и најтажни спомени.

Доктор Gabriel објаснува:

„… моментот кога блиските односи почнуваат или завршуваат, кога луѓето се заљубуваат или наоѓаат нов пријател, кога некој близок умира или им го крши срцето.

Накратко, моментите на конекција со другите кои допираат до луѓето, се тие моменти кои највеќе остануваат во нашето сеќавање.“




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.