Јас сум срамежлива и тоа е во ред

Селија Ампел дипломирала новинарство на Универзитетот во Мизури и во моментов стажира во Оклахома. Таа е личност која постојано се бори со својата срамежливост и со прифаќањето на себе онаква каква што навистина е. Погледнете ја нејзината инспирирачка приказна.

 

Јас сум во ред

 

Јас сум срамежлива и тоа е во редЗдраво на сите од Едмонд, Оклахома. Моите авантури тука ми покажаа колку чудна двојност постои во сите срамежливи новинари. Во еден момент вие се борите за вашата приказна и ги поставувате сите прашања без никаков проблем, но кога ќе се вратите дома ќе јадете чоколади за вечера затоа што ви е непријатно да влезете во кујната за да не го вознемирувате вашиот нов цимер.

Ох, другите луѓе не го прават ова?

Свету, слушни ме: Јас сè уште сум срамежлива. И можеби никогаш не би можела да го достигнам успехот кој моите колеги без ниту грам срам во себе би можеле, но тоа не е важно бидејќи да се биде срамежлив е сосема во ред. Ова го кажувам поради неколку причини. Една од нив е дека морам, поради себе. Колку повеќе се убедувам дека да се биде тивок значи да се биде чуден и колку потивка станувам, толку повеќе чоколади ќе вечерам. Токму затоа мора да најдам начин да се помирам со тоа. А под „да се помирам со тоа“ мислам да поминам цела вечер во борба со себе и мојата срамежливост и да одам против сите мои инстинкти. Верувајте срамежливоста не е лесна.

Но, знаете што? Јас навистина мислам дека е вистина. Навистина верувам дека е во ред да се биде срамежлив. За време на студирањето научив дека да се биде срамежлив не значи да се биде неспособен за работа. Поради некоја причина мојот парализирачки срам кој ме спречува да влезам во кујната не ми се појавува при барањето на информации за моите читатели. Да, јас се плашам. Но, овој страв ме турка понатаму и ме одржува будна при поставувањето на прашањата со цел да избегнам засрамувачка ситуација, а потоа и да останам тивка за да можам да слушнам сè што мојот извор ми кажува.

Најголемото откритие за мене е дека да се биде срамежлив не секогаш е социјален хендикеп. Срамежливите луѓе имаат неверојатна дарба: внатрешно чувство за оние луѓе на кои може да им се верува. Тоа настанува поради долгите години поминати во набљудување на луѓето и стравот да не се биде „изгорен“.

Денес, јас ја прифаќам мојата срамежливост. Јас знам дека таа не е доблест, туку благослов кој ви овозможува засилено чувство за социјалност и интуитивен начин на справување со ризиците кои ве штитат од скршени коски и скршено срце. Да, постојат повремени препреки, кога по цел ден се криете од добрите луѓе околу вас, но тоа е сосема во ред. Јас сум срамежлива и тоа е во ред. Веќе немам потреба да верувам дека треба да се променам и се надевам дека ќе ви помогнам и на вас, срамежливите како мене, кој го читате овој текст, да сфатите дека се е во ред и со вас.

Останете во добро,

Селија

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.