Како да ги наполните батериите – Одморите се квалитетно, не сте незаменливи

Се поголем број луѓе трвдат дека не успеале да се одморат ни за време на годишниот одмор. Според некои најнови истражувања, такви луѓе се околу 19%, дури дупло повеќе од пред 20 години. Така што, 50% од луѓето тврдат дека за да се одморат и да почнат да се опуштаат им требаат најмалку три дена.

Психолозите откриваат како да ги наполните батериите – Одморите се квалитетно, не сте незаменливи

Психолозите предупредуваат дека ова е последица на целосно погрешното размислување дека ние сме незаменливи, па дури и кога ќе земеме слободни деновиние нон стоп сме поврзни со работата. Резултатот од сето тоа е разочарувачки – што повеќе го скратуваме правиот одмор, толку повеќе ни претставува потешкотија да се одмориме вистински. Се потешко е да научиме да функционираме без стресот и андреналинот. Тоа пак води кон согорување (burn-out).

Два или три дена во текот на летниот одмор и неколку дена во текот на година се од големо значење. Но, за да се одмориме квалитетно, очигледно и не е така лесно. За почеток, подобро е да не се заморувате со планирање.

Планирањето на годишниот одмор не треба да значи дека ние треба да го испланираме одморот до секоја секунда, затоа што на тој начин само дополнително ќе се исцрпите. Битно е да имате генерална идеја како сакате да го поминете годишниот одмор, да одредите што ви е најважно, што сакате да надокнадите и што очекувате од другите. Сето друго, не е толку битно.

Од исклучително значење е што помалку да размислувате за работата додека сте на одмор. Така ќе им овозможиме на сите информации кои се собирале низ текот на годината квалитетно да се обработат сами по себе, во позадината на нашата свест – тврди психологот Дуња Вукович од психолошкото советувалиште Рамиро.

Помалку планирање

Познатиот хрватски психолог Борис Блажинич од IQ Институтот тврди дека е многу тешко да се даде општ совет кој ќе биде релевантен за сите.

Професорот Блажинич смета дека од одморот може да се извади најдоброто ако се смириме, опуштиме и да направиме се за да го подигнеме нивото на серотонинот, хормон поврзан со расположението.

Фотографирајте

Мобилниот не треба да го исклучувате, користете го за фотографирање, направете што повеќе фотографии. Сите слики кои ќе ги направите ќе преставуваат добар потсетник на вашиот одмор.

Смирувачки мислии

Потребни ни се смирувачки мисли, читање, медитација, мирна, тивка и нежна музика, а не бука. Битни се и телесните активности но, треба да бидат прилагодени бидејќи сме на одмор. Совршено е да се шета во некој парк или шума, покрај некоја мирна река, рибник, шетање покрај брег, риболов – објаснува Блажинич.

Блажинич вели дека е многу погрешно да се занимавате со некои андреналински активности во текот на одморот, нешто што многумина од нас го прават.

Психолозите откриваат како да ги наполните батериите – Одморите се квалитетно, не сте незаменливи

Храната

И храната има битна улога според професорот Блажинич. На нивото на серотонинот влијаат и сложените јагленохидрати, белковините…

Затоа, потребни ни се интегралните житарици, риба. Совршен зголемувач на овој хормон е и сончевата светлина, што значи дека гушкањето на плажа е од голема корист.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.