Како да ги препознаете ирационалните верувања

Кога се чувствуваме непријатно, не значи дека нужно зад тоа стои ирационално верување. Непријатните чувства во некои ситуации се сосема нормални, оправдани и рационални. Така, доколку некој ваш близок се разболи, нормално е да бидете тажни. Исто така, нормално е да бидете лути ако некој во кога сте имале доверба, ве изневери. Но , посебна проблематика е да препознаете дали се работи за нормална реакција, или реакција која е последица на ирационално верување.

Како да ги препознаете ирационалните верувања?

Какви карактеристики имаат ирационалните верувања?

  • Искривена реалност (т.е. погрешно интерпретирање на она што се случува); вклучување на нелогичен начин на вреднување на себе, другите или светот.
  • Нè спречува во постигнувањето на целите
  • Создаваат интензивни емоции кои долго траат, не вознемируваат и не блокираат
  • Предизвикуваат однесување кое е штетно за нас и за другите.

Ваквите мисли можете да ги препознаете по следните знаци:

  • Имате проблем, се обидувате да го решите, но постојано се вртите во круг.
  • Секој пат кога се обидувате да решите проблем – создавате нов.
  • Ве мачи извесен проблем долго време, но ништо не преземате за да го решите.
  • Имате идеја како може да се реши проблемот, но никако не успевате да ја спроведете во дело,
  • Сте започнале да го решавате проблемот, не сте задоволни како течат работите, но сепак не се обидувате нешто да промените.
  • Се плашите да го преземете тоа што мислите дека треба, бидејќи ве мачи чувство на вина.
  • Кога ќе се појави проблем, целосно сте скаменети и не сте во состојба да направите што било.
  • Единствен начин на кој се справувате со даден проблем е да избегнувате сè во врска со него, да го третирате како да не постои, да го одбегнувате негово решавање, да го игнорирате, да бегате од него.
  • Не можете да донесете одлука бидејќи секоја идеја за решавањето на проблемот ви се чини подеднакво добро и подеднакво лошо.


Лиценциран психолог, интегративен и гешталт советник. Професионално, главно е фокусирана на областите: психолошко советување и терапија, работа со деца и млади, лица со посебни потреби и маргинализирани групи. Пристапува холистички, во насока на подобрување на менталното здравје, личниот развој, животниот стил и емоционалната добросостојба. Поаѓа од идејата дека добриот контакт со околината и задоволното - осмислено живеење се темелат на степенот на свесноста која ја поседуваме и квалитетот на контактот со себе си.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.