Како да го преболите раскинувањето: од тага и разочарување до нов почеток

Секое прекинување боли, без разлика дали е тоа прекинување на некоја љубовна врска, некое деловно партнерство или пак пријателство. Тоа е едно од најтешките искуства во животот на секоја индивидуа,  затоа што во тој однос можеби сте вложувале премногу, сте се труделе и сте давале сè од себе, за да на крајот сето тоа да пропадне. Меѓутоа, важно во животот е да знаете кога да продолжите понатаму и кога е време да почнете да се грижите за вас и да почнете да се поставувате себе си на прво место. Секој почеток е тежок и не оди на сила, туку поминува низ одредени фази.

Како да го преболите раскинувањето: од тага и разочарување до нов почеток

Фаза: Лутење, бес и чувство на изневереност

Сте вложиле премногу време во некоја врска, пријателство или во кариерата за да на крајот да се соочите со прекин, па затоа не е ни чудно да се чувствувате изневерено и повредено. Можеби сте споделиле време од најдобрите години со некој кој што не знаел да ве цени. Веројатно е да почувствувате негирање, лутина и депресивност пред да бидете подготвени  да прифатите дека навистина е крај. Наместо да се обидувате да ги потиснете тие чувства обидете се да ги прифатете и да научете да се носите со нив. Ако не успевате во тоа, побарајте помош од најблиските или од некој психолог. Во тој момент потреба е искрена помош за да можете најпрво да се соочите со состојбата.

Фаза: Свртете се кон иднината

Размислувањето како „што би било ако би било“ не е ни малку корисно и наместо напред ве носи вас назад. Минатото не може да се промени, а единствено на што можете да влијаете е сегашноста. Признајте си самите на себе дека тој однос ве повредил емоционално или финансиски. Колку тоа порано го направите, толку побрзо ќе отидете напред.

Фаза: Работете на ново „Јас“ или нова конструкција на смислата на прекинатиот однос

Бесот, тагата и чувството на повреденос ќе поминат, но како и за сè во животот треба време. Процесот на подобрување ќе трае сè додека не се ставите себе си на прво место. Најдете време и посветете се на активности кои ве радуваат, за кои до сега сте немале време да ги правите. Наоѓањето на нова смисла на искуството или работењето на своето ново „Јас “ ќе ви помогне да се ослободите од стегите кои сте ги имале во врската, на работата или во друштвото.

Како да го преболите раскинувањето: од тага и разочарување до нов почеток

Фаза: За простувањето треба време

Најважниот чекор во новиот почеток е простувањето. Обидете се да си простите самите на себе си и на поранешниот партнер, пријател или пак колега, затоа што огорченоста сама по себе ќе ви влијае негативно и ќе ви прави пречки во вашиот натамошен напредок. За простувањето треба време, па затоа немојте да се обвинувате ако не го направите тоа во брзо време (неколку дена по самото случување), но имајте на ум дека и другата страна најверојатно во границите на своите убедувања ќе се бори со своите грешки.

Фаза: Нов почеток

Во оваа фаза вие го прифаќате фактот дека е крај и сте успеале да простите. Сега дури ќе разберете дека во вашиот однос имало и добри и лоши моменти и дека е најдобро секој од вас да тргне по својот нов пат.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.