Како да ја надминеме стигмата поврзана со менталните болести

Психиките болести се само посебен случај на повреденост на човековото здравје и фукционирање. Затоа, човекот кој страда од ментална болест не е ниту полош ниту подобар човек од луѓето кои не страдаат од ментална болест.

Тројца од четворица луѓе кои страдаат од ментална болест изјавуваат дека доживеале стигматизација. Стигмата е белег на срам и девалвирање кое се поставува на некое лице. Кога едно лице се означува со неговата болест, на него/неа се гледа како на дел од стереотипна група. Негативните ставови создаваат предрасуди што доведуваат до негативни постапки и дискриминација.

Како да ја надминеме стигмата поврзана со менталните болести?

Стигмата носи искуства и чувства на:

  • Срам
  • Вина
  • Безнадежност
  • Вознемиреност
  • Неподготвеност да се бара или да се прифати потребната помош

Семејствата, исто така се афектирани од стигмата, што доведува до недостаток на поддршка. За стручните лица за ментално здравје, стигмата значи дека лицата гледаат на себе си како на абнормални, изопачени или зли, и на психијатриските третмани често се гледа со сомневање и ужас.

Во едно Австралиско истражување од 2006 г. е пронајдено дека:

  • Приближно 1 од 4 лица ја доживувало депресијата како знак на лична слабост и не би вработиле личност која е депресивна.
  • Една третина од испитаниците не би гласале за политичар со депресија.
  • 42 % сметале дека лицата кои се депресивни се непредвидливи.
  • Едно од 5 лица изјавиле дека доколку имаат депресија, не би споделиле со никој.
  • Приближно 2 од 3 испитаници сметале дека луѓето кои страдаат од шизофренија се непредвидливи, и една четвртина од нив сметале дека се опасни.

Некои групи се повеќе подложни на стигматизација и дискриминација истовремено, како што се луѓето со интелектуална попреченост или оние кои се од културно или етничко малцинство.

Како можеме да ја спречиме стигмата?

Сите ние имаме улога во создавање на ментално здрава заедница која поддржува јакнење, социјална инклузија и намалување на дискриминацијата.

Како да ја надминеме стигмата поврзана со менталните болести?

Едноставните начини да се помогне за надминување на овој проблем се:

  • Научете и споделете ги фактите за менталното здравје и болести.
  • Запознајте луѓе кои имаат лично искуство со ментална болест.
  • Зборувајте гласно и изнесете го својот став кога пријателите, семејството, колегите или медиумите изнесуваат погрешни верувања и негативни стереотипи.
  • Понудете им поддршка на луѓето кои се соочуваат со здравствени ментални проблеми.
  • Не ги етикетираје или осудувате луѓето со ментална болест, однесувајте се кон нив со почит и достоинство како што би се однесувале со која било друга личност.
  • Не ги дискриминрајте кога станува збор за учество, станбено сместување или вработување.
  • Зборувајте отворено за своите искуства со ментална болест или психички потешкотии. Колку повеќе скриена останува менталната болест, толку повеќе луѓето ќе продолжат да веруваат дека тоа е срамно и дека е потребно да се сокрива.



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.