Како да му помогнете на детето да се носи со поразот?

Откријте ги чувствата на детето, помогнете му да сфати каде погрешило и како тоа може да го поправи. Исто така, треба да го поттикнувате на тимска игра бидејќи дава чувство на солидарност.

Со седнувањето на школските клупи, надвор од сигурното семејно окружување, децата влегуваат во светот на врсниците во кој за да се истакнат треба да се наметнат. Постојаната споредба со врсниците влијае на нивната психа. Кај некои тоа го зајакнува натпреварувачкиот дух, додека кај другите тоа е знак на сопствената слабост. Заради тоа, децата треба да се научат како да се носат со успехот но и со неуспехот, пишува Portland Press Herald.

Како да му помогнете на детето да се носи со поразот?

Како да му помогнете на детето да се носи со поразот

  • Детето кое доживеало пораз, било на школски или на спортски терен, потребна му е емпатија. Родителите треба да му покажат дека е сосема во ред да се чувствува фрустрирано или повредено, но не и да дозволат да завладаат негативните емоции.
  • На детето треба да му се помогне да сфати каде погрешило и како тоа може да го поправи. Притоа е важно да се внимава на неговата самодоверба.
  • Иако поразот, дента кога се случил изгледа како да е крај на светот, на детето треба да му се даде до знаење дека со времето поминува сè. Еднаш кога емоциите ќе слегнат, може да се поработи на нови тактики.
  • На детето треба да му се допушти да се смири, а не да го тераат да ја повтори задачата додека емоциите се сè уште свежи.
  • Важно е детето да се научи дека целта на играта не е секогаш да победи, туку е важно е и добро да се забавува.
  • Детето треба да се поттикнува да игра тимски игри. Во таков вид игри постои солидарност затоа што секој поединец е одговорен за успехот на групата.