Како да направите некој да се почувствува посебно?

Сите луѓе имаат потреба да се чувствуваат посебно, а начините на кои може да ја покажете вашата благодарност кон нив се достапни насекаде. Дали има некоја личност која сакате да ја направите среќена, некој кој сакате да мисли позитивно за вас? Ако одговорот е да, во тој случај можете да изберете еден од следниве (или пак сите) начини за да направите некој да се почувствува посебно.

Неколку начини да направите некој да се почуствува битен

1. Подарете мал подарок без никаква причина. Не е важно дали е некое чоколадо или некоја книга која сте ја купиле на старо. Важно е дека сте помислиле на личноста.

2. Креирајте ситуација со цел да ја/го гушкате почесто. Не се мисли на нешто интимно, туку на една прегратка, повремен допир на рамото додека поминувате, пријателско стискање на раката додека одите еден до друг.

3. Споделете убаво заедничко искуство. „Помислив на денот кога те видов …“ -Да и дадете до знаење на другата личност што сте забележале, почуствувале или помислиле за неа е навистина прекрасен начин на додворување што секој човек би сакал да го доживее.

4. Направете нешто. Без разлика каков талент имате, можете да го употребите за да направите нешто. Можеби знаете да готвите… Поканете ја/го на чај и послужете нешто што вие самите сте го направиле. Смислата на сето ова е што на тој начин личноста ќе се почуствува значајно затоа што вие сте слушнале или дознале нешто многу обично за неа и тоа сте го запомниле. Тоа може многу повеќе да го/ја импресионира отколку самото јадење.

5. Испланирајте настан. На пример, може да поканите некој колега или пријателна на ручек, да земете кошница за пикник и да седнете на некоја клупа, или пак земете ќебенце и седнете во некој парк. Дури и нешто како избрзан ручек во некој преполн ресторан, може да биде едно многу пријатно искуство.

Неколку начини да направите некој да се почуствува битен

За да направите некој да се почувствува убаво не е потребно нешто многу големо. Напротив, малите работи се тие кои се важни и кои ќе направат било кој да се почуствува посебен.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.