Работилница: Како да не се изгубиме себе си кога ќе изгубиме некој значаен?

Надминување на стрес во ситуација на загуба или сепарација

Дали некогаш сте изгубиле значајна личност (смрт на блиска особа, раскинување, развод, сепарација…)?

Колку е потребно да закрепнеме од загубата или разделбата со блиска личност?

Што е тагувањето? Кога завршува тој период?

Дали сме во депресија ако не престануваме да плачеме?

Како да помогнеме на некој кој е во болка?

Како да си помогнеме на себе си?

Ако некогаш сте размислувале за овие прашања, а имате волја нешто да преземете, Ве повикуваме да ни се придружите во авантура кон заедничко трагање по одговорите.

Srce zaguba

Преку креативни методи и психотерапевтски техники (работа во група, дискусија, семејни констелации…), ќе работиме на следните теми:

  •  Загуба – како основ за преземање следни чекори или за останување во место?
  • Разлика помеѓу тага, жалост и депресија?
  • На кој начин внатрешните блокади и механизми на одбрана не спречуваат да тагуваме или да го завршиме процесот на тагување?
  • Недовршени работи
  • Патот од негирање до прифаќање на реалноста
  • Техники и системи на поддршка
  • Промена – раст и развој

За кого е наменета работилницата?

Работилницата е наменета за професионалци кои работат во областа на менталното здравје (психолози, советници, психотерапевти, психијатри…) како и за сите оние кои се засегнати и сакаат да разрешат лични прашања во однос на оваа тема.

 

Групата ја води Сузана Крстиќ , психолог, гешталт психотерапевт и тренер од Белград, Р. Србија, која од 1995  работи на полето на неформалното образование. Нејзиниот пристап е интегративен, при што ја користи и аналитичка Јунгијанска психологија и методот на семејни констелации од Bert Hellinger.

 

 

Дводневната работилница ќе се одржи на 18 и 19 Ноември 2017 во Скопје. Местото на одржување ќе биде испратено на mail на сите пријавени учесници.

Пријавувањето можете да го извршите со праќање на Вашите лични податоци на psihointegra@psihointegra.org, најдоцна до 9 ноември 2017.

Цената за уплати извршени до 5 ноември 2017, изнесува 2.500 денари.

Уплатите извршени од 6 до 9 ноември 2017, се со котизација од 2.900 денари.

 

ПРОГРАМА

ДЕН 1

10:00 – 11:30 Запознавање на учесниците, креирање атмосфера на доверба. Вовед во тема – загуба, стрес, циклус на контакт

11:30 – 12:00 Пауза за кафе

12:00 – 13:30 Загуба, тага, жалост – механизми на одбрана

13:30 – 14:30 Пауза за ручек

14:30 – 16:00 Системи на поддршка – слушање, емпатија

16:00 – 16:30 Пауза за кафе

16:30 – 18:00 Системи на поддршка – терапевтски техники за надминување

ДЕН 2

10:00 – 11:30 Системи на поддршка – Семејни констелации

11:30 – 12:00 Пауза за кафе

12:00 – 13:30 Системи на поддршка – Семејни констелации

13:30 – 14:30 Пауза за ручек

14:30 – 16:00 Прашања и одговори; Разделба; Евалуација

 

Facebook настан на следниот линк.



Психолог, едукант на семејна и системска психотерапија.
Лиценциран од Комора на психолози на РМ.
Претседател и основач на Здружение Психоинтегра.
Работно искуство во областа на клиничката психологија. Советувач во психолошко советувалиште на Здружение Доверба и координатор на проекти од областа на зависностите и психодијагностиката.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *