Како да поттикнете промена кај луѓето?

Кога им даваме совет на луѓето да променат нешто, најчесто по автоматизам реагираат одбранбено, обидувајќи се да го задржат досегашното однесување. Советите за поздрава исхрана, спортување и слично, може да бидат категорично отфрлени со изговори како на пример немање доволно време, енергија итн.

Како да поттикнете промена кај луѓето?

Сепак, едно ново истражувања вели дека постои начин како да се избегне ваквиот пристап на директно советување и карактеристично за него – одбранбена реагирање.

Во истражувањето, објавено во списанието Proceedings of the National Academy of Science (Falk, 2015), биле скенирани мозоците на испитаниците додека им биле давани типични директни совети за вежбање (на пример. какви што добиваме кога одиме на доктор).

Пред да ја примат информацијата, на дел од испитаниците им биле давани вежби за само-афирмација, кои всушност вклучуваат размислување за тоа што е значајно за личноста (на пример семејството, работата, религијата или друго). Истражувачите при тоа ја следела работата на делот од мозокот наречен вентромедиален префронталне кортекс (ВМПФК). Овој дел од мозокот е важен за како ги процесираме информациите кои се значајни за нас.

Сите испитаници, избрани бидејќи не практикувале спортска активност, биле следени една недела пред и една недела потоа, откако добиле пораки за здравјето поврзани со повеќе физички вежби.

Резултатите покажеле дека луѓето кои употребувале само-афирмација, покажале повисока активност во ВМПФК, што упатува дека ги земале советите со срце. Освен тоа, нивото на оваа активност во мозокот се зголемувала во текот на месецот повеќе отколку кај групата на која не употребувала самоафирмативност.

Др. Emily Falk, водечки автор на студијата, изјавува:

„Ние бевме конкретно заинтересирани за употребата на само-афирмацијата за да им помогне на луѓето да станат повеќе активни бидејќи животот без физичката активност е една од најголемите закани за здравјето во Америка и воопшто луѓето во светот.

Нашето пронаоѓање покажува дека нешто едноставно како што е рефлексија на базичните верувања можат да го променат начинот на кој нашиот мозок реагира на водовите пораки со кои се сретнуваме секој ден.“



Психолог, интегративен и гешталт советник. Основач, координатор и советник во здружението за едукација и развој „Психоинтегра“. Области на интерес и делување: психолошко советување и психотерапија. Aвтор на психолошки текстови кои помагаат во продлабочување на увидот во сопствената личност и поттикнуваат градење вредности и вештини за поисполнето и задоволно живеење. Поаѓа од идејата дека личната среќа започнува од контактот со себе и се остварува низ контактот со околината.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *