Како да престанете да бидете љубоморни

Да бидете љубоморни е природна работа, но тоа само ќе ве влече надоле. Љубомората може да создаде голема одалеченост меѓу вас и луѓето кои ги сакате и може да ве натера да правите работи за кои подоцна и ќе жалите. Да се носите со овие емоции, а подоцна и да ги надминете може да биде од исклучиво значење за опстанокот на вашата врска. Ова може да го постигнете од едноствно да си го одвлечете вниманието кон нешто друго и не мислите на тоа, сè до преземање на посериозни чекори со цел да ги дознаете причините за вашата несигурност.

Како да престанете да бидете љубоморни

Дел 1 од 3: Идентификувајте ги чувствата на љубомората

1 Идентификувајте ја ситуацијата која ве довела да чувствувате љубомора. Вие може да чувствувате љубомора кога:

  • Момчето/девојката која што ја сакате се дружи со други луѓе, а вас ве остава да се чувствувате запоставено.
  • Вашиот најдобар пријател се чини дека сака да поминува повеќе време со други луѓе отколку со вас.
  • Едно од вашите деца преферира повеќе да биде со другиот родител отколку со вас.
  • Доколку некој друг ги добие сите признанија за работа која вие сте ја направиле или сте ја посакувале.

Дел 2 од 3: Следете ја љубомората од внатре

1 Градете ја вашата самодоверба. Љубомората секогаш е производ на несигурноста и ниската самодоверба. Вие можеби имате страв од напуштање, или од одбивање од некоја блиска ваша личност. Или можеби се насочувате само кон една опсесија или пасија, која што кога ќе видите дека не можете да се отргнете од нејзе или добиете, губењето на контролата или несаканиот крај навистина може да ви ја наруши вашата самодоверба.

  • Еден од ефикасните начини како да ја градите вашата самодоверба е да се однесувате на начин на кој што би се однесувала некоја личност со самодоверба. Донесувајте одлуки во облик на мисли во кои ќе ја имате целата доверба на светот. Евентуално вашите чувства ќе се изедначат со вашете реагирање.
  • Кога луѓето кои се сигурни во себе ќе бидат напуштени или исмеани, тоа нив неможе да ги сркши. Тие знаат дека некогаш луѓето се плитки и тие не се обвинуваат себеси за тоа.
  • Вие сте доволно добри. Дури и да имате премногу проблеми или незнаете што всушност чувствувате, треба да го гледате тоа како шанса за учење на нешто ново. Тоа е нешто што луѓето со доверба го прават најдобро. Нив ништо не може да ги сопре.

2 Избегнувајте да се споредувате со други луѓе. Дури и да се спријателите со некој кој има сè во животот и вие мислите дека е целосно задоволен од себеси, подоцна ќе дознаете дека и таа личност има свои скриени стравови и незадоволства.

  • Дури и познатите и убави славни луѓе имаат стравови кои што ние неможеме да ги видиме. Тие може да бидат повредени ако не добиле некоја улога што многу ја посакувале, може да изгубат на некој натпревар или може да се справуваат со зависност од дрога или алкохол. Само затоа што некој може да изгледа добро од надвор, не мора да значи дека работите му се одвиваат добро и од внатре.
  • Наместо да се фокусирате на моменталните чувства, размислете за сите позитивни работи и чувства кои ги поседувате. Вие имате толку многу добри квалитети што никој не може да ги одземе од вас.

3 Направете го токму спротивното од она што би го направила некоја љубоморна личност. Кога ќе видите и почувствувате дека љубомората ве обзема, не реагирајте на деструктивен начин преку изнесување на обвиненија, преку третирање на некоја личност со молчење или преку дофрлување на саркастични зборови. Наместо тоа, постапете на начин како што некоја личност од доверба би постапила да е на ваше место.

  • Ако некој ваш пријател сака да помине време со некој друг, тогаш на пример, предложете му некој добар филм, или некој добар ресторан.
  • Ако девојката или момчето што го сакате разговара со некој друг, приклучете им се во конверзацијата на пријателски начин.
  • Кога некој друг ќе ја добие работат што вие сте ја посакувале, бидете добар, честитајте му ја новата работа и понудете му ја вашата помош доколку му биде потребна.

Како да престанете да бидете љубоморни

4 Препознајте ја паранојата која што е дел од љубомората. Љубомората ќе ве натера да реагирате на замислено сценарио кое што е само во вашиот мозок. Во реалноста она што вие го замислувате може и никогаш нема да се случи. И дуру и да се случи, вие ќе бидете доволно силни да се справите со тоа. Вие имате други луѓе на кои можете да сметате во вашиот живот.

  • Вашата девојка или дечко може да се слушнат со нивните поранешни, едноставно да изразат некое сочуство кога нешто лошо им се случило. Немојте да станете параноични во врска со тоа. Пред се личноста која ја сакате не секогаш се дружи со поранешните партнери. Понатаму, вашата девојка или дечко едноставно е добра/добар и се сочуствува и тоа можеби е единствената најважна причина зашто сте се заљубиле во нејзе/него уште во почетокот.

Дел 3 од 3: Научете да верувате и да бидете подготвени да се одалечите од некој

1 Бидете личност во кој некој би имал доверба. Ова е многу полесно да се каже отколку да се направи. Ако станувате љубоморен/на лесно, сигурно некој во минатото ви ја срушил довербата. Подобро е за вас да престанете да мислите на минатото и да почнете да мислите на сегашноста. Погледнете ја личноста која прави да бидете љубоморен/на. Дали оваа личност некогаш ви дала причина да не и верувате?

  • Ако личноста никогаш не ве разочарала, тогаш треба да го помислите најдоброто за таа личност, а не најлошото. Вие најверојатно ја префрлувате недовербата што сте ја доживеале на некоја добра личност. И довербата е ризик. Вие треба да го прифатите ризикот дека грешите, сè со цел да го добиете и бенефитот што доаѓа од верувањето дека сте биле во право за некоја работа.
  • Ако некој постојано ве повредува, тогаш ќе мора да се оддалечите од таа врска. Во овој случај, вие имате потполно добра причина да не и верувате на таа личност. Продолжете понатаму! Вие заслужувате подобро.

Како да престанете да бидете љубоморни

2 Слушајте си ги вашите чувства без притоа да ги вадите работи надвор од контрола. Вашите чувства ви велат нешто битно. Ако се чувствувате љубоморен, вашите емоции ви велат дека ви се случува нешто што вие не го сакате. Тие чувства може да бидат точни, но може и да бидат погрешни (ќе се научите да ги препознавате само тогаш кога ќе бидете отворени да ги истражувате), некогаш едноставно тие чувства ви кажуваат дека има нешто алармантно за кое е потребно вашето внимание и размислување.

  • На пример, вашето момче или девојка може да биде многу повеќе отворен/а со луѓето отколку вие што посакувате. Наместо да го помислите најлошото, размислете дека вашиот партнер може би не ни разбира дека тоа негово/ино однесување вас ви смета. но како и да е, граници мора да бидат поставени сè со цел и двајцата да знаете што е прифатено, а што не во комуникацијата со другите луѓе. Прашајте го вашиот партнер каде ја повлекува линијата (Флертување? Бакнување на образот? Допир со усните? Допир на рамото? Танцување?). Видете дали границите на вашиот партнер се совпаѓаат со вашите. Ако не, тогаш разговарајте за нив. Разговрајте сè додека не најдете заеднички јазик. Еднаш кога ќе се договорите и двајцата, верувајте му на партнерот дека нема да ги помине тие граници и не дозволувајте љубомората и недовербата да надвладејат врз вас.

3 Имајте разумни очекувања во врска со тоа колку време некој може да ви посвети само на вас. Ако вашето дете или партнер не поминува воопшто време со вас, тогаш вие може да имате цврсти докази и треба да бидете загрижени. Но доколку некоја ваша драга личност поминува доволно време со вас, а вие никогаш не сте задоволни со тоа и сакате повеќе, тогаш вие барате премногу.

  • Погледнете кон самите себе. Што ве прави толку приврзани за таа личност, па неможете да бидете среќни ако не е околу вас?
  • Излезете и поминете повеќе време со други луѓе или најдете активност која ќе ве направи среќен/среќна. Понекогаш тоа што треба да го направите е да се погрижите повеќе за себе си, отколку целата енергија да ја посветувате на некој друг.

Како да престанете да бидете љубоморни

4 Развијте оптимистички поглед кон луѓето. Љубомората преставува однесување базирано на страв. Ваквото чувство прави да поминувате многу време грижејќи се за нешто лошо што не се ни случило и можеби нема да се случи никогаш. Вие креирате ситуација во која лоши работи може да се случат само поради вашите негативни чувства. Иронично нели? Тоа се нарекува „само-исполнувачко пророштво“. Ако верувате во некој, верувајте му комплетно, но не ја исклучувајте и недовербата, но само ако е во разумни граници.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.