Како да се намали негативното влијание на невротицизмот?

Учењето да се вреднува преземањето активности е значајно за намалување на негативните влијанија на невротичноста.

Новите истражувања покажуваат дека луѓето со висок степен на анксиозност и невротицизам не сакаат да преземаат активности и го избегнуваат проактивното однесување.

Како да се намали негативното влијание на невртицизмот?

Невротицизмот како црта на личност е силно поврзана со анксиозноста, чувството на тага, вознемиреноста и самосвесноста.
Кога се соочуваат со поголеми или помали одлуки во животот, невротичните луѓе имаат тенденција да избегнуваат преземање активности.

Авторите на истражувањето велат:

„Луѓето кои се помалку емоционално стабилни имаат помалку позитивен став кон преземањето активности и повеќе позитивен став кон неактивноста. Уште повеќе, акнксиозноста беше главно одговорна за помалку позитивните ставови на невротичните лица за преземање активности.

Поврзаноста помеѓу невротицизмот и помалку позитивните ставови кон активноста беше посилна помеѓу луѓето кои покажаа повеќе колективни отколку индивидуални верувања“.

Во истражувањето учествувале луѓе од 19 различни земји. Речиси 4.000 луѓе биле испитани за нивните ставови кон активноста и пасивноста, и нивната поврзнаност  со депресијата, анксиозноста и невротицизмот.

Како да се намали негативното влијание на невртицизмот?
Истражувачите укажуваат дека учењето да се вреднува преземањето активности е од голема значајност за невротичните луѓе:

„Луѓето кои се заинтересирани за намалување на негативните влијанија на невротицизмот во нивните животи, треба да размислат за тоа како нивните ставови кон активноста може да влијаат на нивното однесување.

Преку учењето да се вреднува преземањето активности, може да се променат многу од негативните однесувања поврзани со невротицизмот и анксиозноста – како „замрзнувањето“ кога треба да истапат во нешто, или повлекување заради стрес, наместо проактивно да се справат со него.

Поточно, зголемувањето на изложеноста на активности, може да биде доволно во борбата против тенденцијата да се избегне проактивното однесување.“



Психолог, интегративен и гешталт советник. Основач, координатор и советник во здружението за едукација и развој „Психоинтегра“. Области на интерес и делување: психолошко советување и психотерапија. Aвтор на психолошки текстови кои помагаат во продлабочување на увидот во сопствената личност и поттикнуваат градење вредности и вештини за поисполнето и задоволно живеење. Поаѓа од идејата дека личната среќа започнува од контактот со себе и се остварува низ контактот со околината.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *