Како да се справите со перфекциoнизмот?

Дали сте перфекционист? Повеќето перфекционисти се многу строги кон самите себеси кога ќе дојде до прашање несовршеноството, мааните и немањето на доволно време за некоја работа. Може да мислите дека не сте доволно добар за некоја работа и со тоа да си ставате огромен терет на самите себеси за да успеете.

Како да се справите со перфекциoнизмот?

Додека поставувањето на високи цели може да служи како ефективна мотивациона алатка, очекувањето да бидете совршени ја одзема радоста од животот и може навистина да ви ја намали шансата за успех во определена работа. Многу студии ја покажале корелацијата помеѓу перфекционизмот и несреќата. Едноставно не е човечки да се биде совршен.

„Имајќи ја желбата да бидете проценувани и ценети е примамливо, да се обидете да бидете совршени, но последиците од таквата одлука се големи… Како може да се сакате себеси кога не можете да дојдете до тоа што сакате да бидете?“

– R. Adler и Proctor II

Токму затоа, наместо да се фиксирате на перфекцијата, насочете се кон одличноста. Во вашите задачи и активности, наместо да се форсирате себеси да бидете перфектни секој чекор од задачата, видете се себеси како работите  работа што прогресира, со флексибилност за промени и рафинирање. Почесто повторувајте си дека е доволно, прифатливо, задоволувачко или чекор во вистинската насока тоа што го правите и поминете без да се навраќате на несовршеното. Корисно е да дозволите другите да видат дека ова е ваше видување, да се ослободите себеси од притисокот да треба да изгледате совршено. Употребувајте поими како бура на идеи, експеримент, работа во прогрес или рафинирачки процес, кога ќе ги опишувате вашите работи. Има сила во тоа да бидете флексибилни. Ригидното е многу покршливо.

Ова не мора да значи дека не треба да целите кон одличното, особено во области каде што сте повеќе заинтересирани. Има голема разлика помеѓу одличност и перфекција. Луѓе што тежнеат кон одличност (како Steve Jobs) се мотивирани од пасијата. Тие ги гледаат обидите и грешките како битен водич – фундаментален компонент на постојано подобрување и рафинирање.

„Некогаш кога сте иновативни, вие правите грешки. Најдобро е да ги признаете што побрзо и да почнете што побрзо да ги подобрувате вашите останати иновации.“

–  Steve Jobs

Перфекционистите, од друга страна, секогаш се опседнати од стравот на одбивање и неуспех – тие ги гледаат неуспесите како негативни рефлексии на нивната самопочит и ги избегнуваат по секоја цена.

Вие може да бидете одлични без да бидете совршени. Перфекционизмот е речиси илузија. Одличноста може да се постигне преку прогресивното размислување за вашиот успех.

„Колку ослободени ќе бидете кога ќе ја прифатите идејата дека не сте совршени!“

– R. Adler и R. Proctor II




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.