Како делува несвесното

Голем дел од академската психологија ги занемарува темите за човековата способност за промена и развој, насочувајќи се кон она што е „абнормално“ во психичкиот живот на човекот. Голем дел од психолошката литература обработува теми како самодеструктивност и патолошки феномени. Читајќи од ваквите книги, луѓето може да добијат впечаток дека мораме да ги победиме сите мрачни сили од својата потсвест за да бидеме задоволни и среќни.

Како делува несвесното?

Нештата сепак, не се толку црни. Иако никој не одрекува дека во нашето несвесно се наоѓаат различни негативни содржини, сепак, исто така има и многу позитивни. Фројд зборувал за инстинктот на смртта, но и за инстинктот на животот. Инстинктот на животот не насочува кон среќа, задоволство, здравје и сето она што го чини животот вреден. Прашањето е како ќе се искористи.

Фројд зборувал за несвесниот ум, а некои современи автори велат дека не станува збор за ум, туку за нешто што е повеќе наликува на „машина“ која е насочена кон постигнување цели. Таа не е ни позитивна ни негативна, и може да поттикне било каков цел, успех и неуспех, среќа и несреќа. Сè зависи од тоа каква информација даваме.

Како може да имаме некаква цел во мислите, а нашето несвесно автоматски да не доведува до остварување на таа цел?

Кога сакаме да решиме некој проблем, обично имамe, барем и матна, слика за решение. Штом сме го поставиле проблемот, нашиот ум почнува несвесно да работи на него. Може да ни се случи со денови да не мислиме на проблемот, а решението да ни се појави само од себе во даден момент. Така, некои научници велат дека своите откритија ги сонувале! Тоа не е чудно ако знаеме дека нашиот несвесен ум работи и додека спиеме.

Кога поставуваме некоја цел, нашиот несвесен ум почнува да ги пребарува сите информации кои постојат во нашиот мозок во врска со таа цел. Мозокот одбира минати искуства, идеи, факти, слики и креативно ги собира во една целина. Ако се работи за проблем, тоа е оној момент кога решението едноставно се појавува, „ни светнува“, односно стручно ова се нарекува фаза на илуминација.

За да искористиме најдобро моќта на несвесното, не треба да бидеме насилни. Ние не можеме да го натераме несвесното да работи брзо и поинаку. Кога целта е јасно замислена, таа поминува низ своите сопствени патишта за нејзино исполнување. Тоа го воочиле многу успешни научници, писатели и уметници.

Во нашето несвесно постојат решенија и за нашите лични проблеми. Длабоко во себе сме свесни за нив, но поради нешто нам ни се тешко прифатливи. Затоа нашиот свесен ум не ги ни регистрира. Но, некои знаци сепак постојат. Можеби секогаш ги забораваме состаноците со некоја личност или доцниме на нив, иако свесно се трудиме да ни се допаѓа таа личност. Можеби сме се разболеле токму пред некое патување, иако свесно тврдиме дека сакаме да одиме на тоа патување. Подоцнежниот развој на настаните можеби ќе покаже дека со таа личност веќе сме биле во некој латентен судир или дека на тоа патување воопшто не сме сакале да одиме.

Всушност, несвесното не е темниот дел од нашата личност од кој треба да се плашиме или чија содржина треба да ја разрешиме за да бидеме среќни и задоволни.. Тоа е дел од нас кој можеме да го искористиме позитивно и да го насочиме кон постигнување на посакуваните цели.



Лиценциран психолог, интегративен и гешталт советник. Професионално, главно е фокусирана на областите: психолошко советување и терапија, работа со деца и млади, лица со посебни потреби и маргинализирани групи. Пристапува холистички, во насока на подобрување на менталното здравје, личниот развој, животниот стил и емоционалната добросостојба. Поаѓа од идејата дека добриот контакт со околината и задоволното - осмислено живеење се темелат на степенот на свесноста која ја поседуваме и квалитетот на контактот со себе си.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.