Како до асертивната комуникација?

Најчесто луѓето ги потиснуваат своите чувства, сè до моментот кога ќе експлодираат и доживеат излив на бес. Асертивната комуникација овозможува да ги избегнеме ваквите ситуации и да ги подобриме односите со другите луѓе.

Да се биде асертивен, всушност значи да се биде самоуверен, личноста да се залага за себе и своите потреби, без да употребува агресија, почитувајќи ги другите луѓе и нивните потреби. Со тоа, асертивноста е значајна во секојдневната комуникација бидејќи го подобрува односот со другите луѓе, ја зголемува самопочитта и вреднувањето на другите луѓе.

Погледнете го следното видео каде подетално се објаснува асертивното однесување и неговото значење. За да бидете асертивни треба да бидете отворени и искрени со луѓето околу вас. Доколку вашиот партнер/ка прави нешто што ве вознемирува, кажете му/и искрено што стрил/ла и предложете практичен начин како да ја избегнете таквата ситуација во иднина.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.