Како до свесност и задоволство во врската?

Дали некогаш сте биле толку многу заљубени, што сте сметале дека нема друга личнст на светот која толку многу може да ја сакате како партнерот/ката..? Дали сте верувале дека вашата врска е толку цврска и нерскинлива што поврзаноста и љубовта ќе траат засекогаш? Но, и покрај тоа, по извесно време дошло до прекин на врската, по што се соочиле со силна болка и разочараност. Можеби сте се убедувале дека никогаш повеќе нема да сакате и да бидете среќни…

Како всушност луѓето кои толку многу се сакале, наеднаш почнуваат да се караат толку често, што не останува друга алтернатива освен да се разделат?

За комплексноста на овие и многу други прашања, своите знаења и искуства ги дели Diana Wais, психотерапевт и експерт за партнерски релации.

Во својата истражувачка кариера Wais испитала стотици брачни парови. Сите имале една заедничка желба – вечна љубов како од бајките. Сепак, според неа, статистиката не е многу оптимистична дека ова ќе биде случај за поголемиот дел од паровите. Веројатноста е дека две третини од паровите ќе се разведат. По сево ова, останува уште и прашањето, колку од паровите кои остануваат заедно навистина се среќни и исполнети или се несреќни и осамени во врската?  

Кога ќе погледнеме во личните комуникациски вештини, емоционалната интелигенција и пристапот во релацијата со другите, оваа песимистичната статистка и не е толку неочкувана. Колку од нас навистина се во контакт со своите емции и умеат внатешните содржини соодветно да ги искомуницираат со другите, особено во односите кои ни будат ранливост? Колкумина искрено се заинтересирале за својот внатрешен свет и интерперсоналните динамики, кои се толку многу комплексни? Колку од нас ги освестиле своите болни точки (тригери), стравовите и влијанието на искуствата и наративите со кои влегуваме во врска?

Значењето и влијанието на болните точки или тригерите за болка и конфликти во врската

Тригерите или болните точки од нашите претходни искуства, носат  огромна енергија и доколку не се освестени, носат висок потенцијал за недоразбирања, болка и конфликти со партнерот. Тригерите функционираат на ниво на асоцијации и било која слична содржина ги оживува болните искуства од кои сакаме да се заштитиме и ослободиме. Овие болни делови од нас, вообичаено ги следи наша стекната емотивна реакција, која функционира како заштитен механизам, чесно неосвестен. Реакцијата најчесто вклучува напад (од навреда, обвинување, до физичка повреда) или повлекување (потиснување на емоција, негирање на ситуација итн.). Водени од необработените болни исуства од минатото, кај нас се јавуваат тенденции да го интерпретираме однесувањето на партнерот на начин кој воопшто или во дадена мера, не е во согласност со реалноста, а е поврзан со проекциите на нашите искуства.  На пример, личноста која била изневерена, може постојано неосновано да ги обвинува слените партнери за неверство (плашејќи се од повторување на искуството) и во секоја ситуација да гледа низ призма на овој страв.

„Ние гледаме на нештата низ призма на сите наши претходни значајни искуства. Затоа, за една иста ситуација, кај различни луѓе може да се активираат сосем различни емоции и автоматски мисли. На пример, доцнењето на партнерот може да се интерпретира како – не му значам доволно, сигурно ме изневерува, или пак – сочувствувам со партнерот поради неговиот умор и неможноста да постигне сè навремено поради бројните обврски.  Но, многу од луѓето не се свесни дека гледаат на светот и релациите низ оваа призма на претходните искуства и воспоставените емотивни шеми. “ – Diana Wais

Но, не е сè така црно. Ние луѓето сме комплексни созданија, а според Јунг, во секој од нас има вродена, природна тенденција за развој. Какви и соджини и искуства да носиме со себе, со ширење на свесноста и преземање на одговорност за своето однесување, секој кој сака може да научи да не реагира и носи битни одлуки од место на предизвиканост (тригираност).

Алтернативата е да реагираме од состојба на лична центрираност, контакт со себе и партнеот во рамки на моменталното случување. Точно е дека ние не можеме како со гума да ги избришеме сите наши проблматични искуства (ниту треба, од нив може да се стекнат нови значајни смисли и увиди), но затоа секогаш може да се подобруваме во насока на посвесно реагирање и носење одлука.

Како да се постигне поголемо задоволство во врската?

Најголем дел од луѓето не се свесни дека зад автоматските реакции и тригери стојат неосвестении емоции на болка, страв и срам. Што може тука да ни помгне во справувањето со овие содржини:

  • Свесност – ни дава подлабок увид во емотивното функционирање, како и да не го сфаќаме премногу лично однесувањето на другите. Најчесто зад туѓото реагирање на нас стои нивна лична содржина, која не секогаш е нужно поврзана со нас.
  • Избегнување на тригери – проширувањето на свесноста ни помага секој пат кога ќе ни се вклучат тригерите, наместо да реагираме автоматски, брзо да ја промениме состојбата од која реагираме.
  • Искрен интерес, разбирање и одговарање на потребата на другата личност  со љубов и емпатија. Ова најчесто води до подобрување на односите.

За поголема свесност за емоционалните процеси во вас и луѓето околу вас, поставете си ги следните прашања:

  1.  Која содржина ми ги активираше болните точки?
  2. Од што се плашам?
  3. Што има зад тоа?
  4. Кој дел од себе треба емоционално да го излечам за да не реагирам вака во иднина?

Преку овие прашања, ќе дојдете до стилот на фунционирање на вешите емоционални рецептори, кои сите ги имаме. Добрата вест е што можете да ги освестите да ги излекувате вашите емоционални рецептори и да се ослободите од багажот на емотивни искуства. На тој начин нема толку лесно да се палат вашите тригирери. Дури и кога ќе бидат притиснати, ќе имате можност да изреагирате на поинаков начин. Со повторување, може да воспоставите нова шема не емотивно реагирање.

Замислете го само светот во кој секое дете ги учи законите на емоциите и начинот на воспоставување хармонични релации… Кога би знаеле дека зад секоја агресивна реакција стои страв, а зад секое грандиозно однесување срам. Кога наместо да се навредиме и реагираме агресивно за некоја критика, се запрашаме што се случува во другата личност за да се однесува така кон нас..



Лиценциран психолог, интегративен и гешталт советник. Професионално, главно е фокусирана на областите: психолошко советување и терапија, работа со деца и млади, лица со посебни потреби и маргинализирани групи. Пристапува холистички, во насока на подобрување на менталното здравје, личниот развој, животниот стил и емоционалната добросостојба. Поаѓа од идејата дека добриот контакт со околината и задоволното - осмислено живеење се темелат на степенот на свесноста која ја поседуваме и квалитетот на контактот со себе си.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.