Како е да се живее со ментално нарушување?

Личности дијагностицирани со: панично растројство, опсесивно-компулсивно растројство, пост-трауматско стресно растројство, постпородилна психоза, депресија, шизофренија, биполарно растројство и суицидални мисли.. отворено споделуваат за својата состојба и за тоа како е да се живее со неа. Целта е да допрат до луѓето, како и да придонесат за информирање, едукација и намалување на стигмата за менталните болести.

Во просек, 1 од 4 лица страда од некое нарушување во менталното здравје. Тоа може да бидеме ние или пак некоја наша блиска личност.

Барањето помош може значајно да придонесе за подобрувањето на нашата состојба и соочувањето со тешкотиите кои ги носиме.

Не мора да страдате во тишина. Побарајте соодветна стручна помош.



Лиценциран психолог, интегративен и гешталт советник. Професионално, главно е фокусирана на областите: психолошко советување и терапија, работа со деца и млади, лица со посебни потреби и маргинализирани групи. Пристапува холистички, во насока на подобрување на менталното здравје, личниот развој, животниот стил и емоционалната добросостојба. Поаѓа од идејата дека добриот контакт со околината и задоволното - осмислено живеење се темелат на степенот на свесноста која ја поседуваме и квалитетот на контактот со себе си.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.