Како настануваат убијците: Мозокот ги оправдува постапките и ја замолкнува совеста

Како некој може да убие друг човек? Дали убијците имаат совест? Може ли секој да биде убиец? – некои од овие прашања се поставуваат самите по себе кога ќе слушнеме за некое крваво злосторство. Научниците се обиделе да влезат во мозокот на убијците за да откријат како тие самите на себе си даваат оправдување за тоа што го направиле.

Во студиите спроведени од страна на Универзитетот Монаш биле скенирани мозоците на испитаници и било откриено дека најбитна улога има страничниот орбитофронтален кортекс во мозокот, кој се активира во зависност од тоа што мисли поединецот, дали злосторството е оправдано или не. Резултатите од истражувањето даваат увид во тоа како луѓето во определени ситуации, како на пример војна, можат да направат ужасни злосторства.

Во студијата на Универзитетот испитаниците играле една реалистична игра во која имале за задача да убиваат цивили и војници, а додека го правеле тоа нивниот мозок бил скениран. Кога испитаниците се присетувале на убиството на цивилите, страничниот орбитофронтален кортекс покажувал значителна активност. Тогаш тој станува одговорен за моралот, односно се активира ако треба да се оправда некое злосторство, додека во случајот кај убивањето на војниците тој дел бил без активност.

Водителот на студијата објаснува:

„Мозокот има одбранбени маханизми кои го штитат од обвинување и осуда, а со тоа го оправдуваат злосторството. На истиот принцип работи секој мозок, тоа објаснува зошто убијците немаат грижа на совест и изгледаат како да се бесчувствителни.“

Погледнете го видеото во врска со работењето на мозокот кај убијците:




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *