Како подобро да се справите со лошите спомени?

Еден од подобрите начини да се справите со лошите спомени кои често ви се навраќаат е преку фокусирање на контекстот, а не на емоцијата, вели едно ново истражување објавено во Social Cognitive and Affective Neuroscience.

На пример, доколку размислувате за некој непријатен настан на кој сте присуствувале, во тој случај можете да си помогнето со тоа што ќе фокусирате на тоа што тогаш сте го носеле, или кој бил таму и слично, наместо само да се навраќате на тоа како сте се чуствувале во тој момент.

Подобар начин да се справите со лошите спомени кои ви се повторуваат почесто

Професорот Florin Dolcos, еден од авторите на оваа студија, смета дека ова може да биде алтернативен пристап за начинот на кои ги регулираме нашите емоции, наместо да ги сузбиваме или поттиснуваме.

Dolcos додава:

„Некогаш ние постојано размислуваме за тоа како сме се чуствувале тажно, засрамено или повредено во некоја ситуација и тоа уште повеќе не тера да се чуствуваме лошо.

Ова е тоа што се случува кога имате клиничка депресија – потсетувајќи се на негативните аспекти од спомените.

Наместо да мислите на емоцијата од негативните спомени, треба да мислите подалеку од самата емоција и да мислите на содржината. На пример,  кој другар бил таму, какво било времето, или нешто друго што не е емоционално, а е поврзано со сеќавањето, ќе ви го оттргне умот подалеку од емоциите поврзани со тој спомен.

Еднаш кога ќе се впуштите себеси во други детали, вашиот мозок ќе бара нешто сосема поразлично и вие нема да се фокусирате на негативните емоции.“

Овој заклучок бил донесен откако, од испитаниците било побарано да ги споделат нивните позитивни и негативни спомени.

Неколку недели подоцна овие сеќавања прв пат биле предизвикани фокусирајќи се на емоцијата, а вториот пат фокусирајќи се на содржината на тој настан.

Скенирањето на мозокот во процесот на потсетувањето покажало дека:

„… кога испитаниците биле фокусирани на содржината на настанот, нивниот мозок, односно деловите кои биле инволвирани во базичните емоционални процеси работеле заедно со контролните делови поврзани за емоциите со цел да го намалат емоционалниот импакт на тие мемории.“

Сè уште не е истражено дали оваа стратегија функционира и на подолг период, што е многу важно за луѓето кои страдаат од депресија, но е лесна за примена и не би предизвикала никаква штета.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.