Како се развива мудроста?

Повеќето луѓе ја поврзуваат мудроста со искуството и староста. Исто така, често се претпоставува дека младите луѓе не можат да бидат мудри. Сепак, истражувањата спроведени на лица од дваесет до деведесет години не го потврдиле тоа. Всушност, мудри луѓе имало и меѓу младите и меѓу старите лица. Возраста само по себе не придонесува за мудрост, но кон развој на мудроста придонесуваат животните искуства кои ги имаат луѓето и начинот на кој се соочуваат со нив. Така, професиите кои ги принудуваат луѓето да размислуваат за животните проблеми и ситуации, може да придонесат за развој на мудроста. Во некои истражувања како такви професии се покажале клиничката психологија и функцијата на менторот во различни ситуации.

Како се развива мудроста?

Колку сте мудри?

Петнаесет годишно девојче сака да се омажи веднаш. – Што мислите за тоа и што според вашето мислење треба да се направи?

Откако одговоривте на прашањето, споредете го својот одговор со двата одговори дадени подолу. Кој од овие одговори е посличен со вашиот одговор?

Прв одговор:

– Да се омажи на 15 години?! Брак на тие години би било грешка со сигурност! Некој треба да и каже дека такво нешто не треба ни да се зема пред вид. Би било целосно неодговорно да се поддржи во такво нешто. Тоа е сосем луда идеја.

Втор одговор:

– Па, површно гледано, одговорот е многу едноставен. Во поголемиот број случаи брак за петнаесет годишно девојче не е добра работа. Но, постојат и случаи кои не се вклопуваат во мнозинството. Можеби во овој случај се работи за некои посебни околности во животот на ова девојче, можеби е смртно болна, или останала без родители. Или потекнува од друга култура. Можеби нејзиното семејство има поинакви вредности од нашите. Така, треба да се внимава и на тоа како со неа ќе се разговара, како и на емоционалната состојба во која се наоѓа.

Ако вашиот одговор е сличен со првиот, психолозите кои се занимаваат со мудроста како психолошка појава би ве вбројале како личност со низок степен на мудрост. Вториот одговор укажува на личност со повисок степен на мудрост. Како што и можеби претпоставувате, да се биде мудар е – поедноставно.

Дали може да станете помудри?

Иако мудроста не може туку така да се научи како некои примери од физика или кинески јазик, сепак до одреден степен можеме да придонесеме за развој на мудрост доколку се потрудиме и го вклучиме умот. Всушност, во едно истражување на испитаниците им било зададено истото прашање на кое вие одговаравте претходно, но од нив било побарано и да размислат понатаму и да се обидат да дадат мудар одговор. На многумина тоа им успеало. Испитаниците продолжувале:

„Така што се обидов да бидам потолерантен кон младата девојка, не ја прогласив едноставно за луда, туку се обидов да откријам во што е проблемот.“

„Така што ги земав пред вид причините на таа млада девојка и немав предрасуди. Да се биде мудар по мое мислење значи да се размислува, да му се пристапи на проблемот од различни страни и аспекти, а не само да се осудува.“

„Така што заборавив на себе и гледав од страната на таа особа и нејзината ситуација и размислував како можам да и помогнам со тоа што го кажувам.“

„За мене да се биде мудар значи да се гледа на својата ситуација во однос на ситуацијата на другите и едноставно да се стави во поширок контекст.“

Всушност, испитаниците се потрудиле и успеале да бидат мудри како што од нив се барало. Тоа значи дека ако се потрудиме, можеме да бидеме помудри (барем некои од нас). Исто така значи и дека за некои свои непромислени постапки, немаме изговор – освен  мрзеливост.



Лиценциран психолог, интегративен и гешталт советник. Професионално, главно е фокусирана на областите: психолошко советување и терапија, работа со деца и млади, лица со посебни потреби и маргинализирани групи. Пристапува холистички, во насока на подобрување на менталното здравје, личниот развој, животниот стил и емоционалната добросостојба. Поаѓа од идејата дека добриот контакт со околината и задоволното - осмислено живеење се темелат на степенот на свесноста која ја поседуваме и квалитетот на контактот со себе си.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.