Како создаваме негативни слики и предрасуди за „непријателите“?

Фразата слика за непријателот се однесува на искривувањето или претерувањето кај луѓето кое се јавува како одговор на групите кон кои се чувствува непријателство или недоверба.

Како создаваме негативни слики и предрасуди за непријателите?

Сликите за „непријателот“ можат да влијаат врз која било група, без разлика дали е расна, етничка, економска, меѓународна и слично.

Преку спроведените научни истражувања на оваа тема, сумирани и издвоени се шест тврдења, кои ја објаснуваат оваа честа појава кај луѓето, кога се во прашање односот и ставот кон непријателите.

  1. Сликите за непријателот ги тераат луѓето да посветуваат селективно внимание и да ги помнат негативните аспекти и активности на непријателите. Во едно истражување на Levine и Marphy, на испитаниците им било давано да читаат текстови во текот на две недели, кои се однесувале на Советскиот систем. Едниот текст бил со позитивни информации, а другиот со негативни информации во однос на Советскиот Сојуз, а самите испитаници биле или про или анти ориентирани во однос на комунизмот. На крајот, по пет седмици, односно по периодот на заборавање, оние испитаници кои биле антикомунистички ориентирани се сеќавале значително повеќе на антисоветскиот текст и значително помалку на просоветксиот текст, за разлика од прокомунистичко ориентираните испитаници.
  2. Сликите за непријателот ги тераат луѓето да посветуваат внимание и да се сеќаваат повеќе на критиките отколку на изјавите кои ги поддржуваат непријателите.
  3. Сликите за непријателот ги тераат луѓето да очекуваат непријателско однесување од непријателот и да се однесуваат непријателски кон непријателот само поради ова очекување. Истражувањето кое го спровеле Snyder и Swann го докажува ова тврдење. Тие организирале натпревар каде учесниците можеле да употребат непријатна бучава за казнување на соперникот. Оние испитаници на кои им било кажано дека нивниот соперник е непријателски расположен кон нив, употребуавале посилна бучава пред соперникот да има било каква можност да покаже непријателство.
  4. Сликите за непријателот ги тераат луѓето да го пренагласуваат нивото на непријателските активности, споредени со слични активности изведени од страна на пријатели. Според едно истражување спроведено од страна на Duncan, на група студенти – белци им било пркажано видео како црна или бела личност нејасно турка друга личност. Од страна на испитаниците туркањето било означено како понасилно кога било извршено од црна личност, отколку кога било извршено од бела личност.
  5. Сликите за непријателот го поттикнуваат незнаењето за непријателот.  Неколку проучувања покажале дека американците се неинформирани за Советскиот Сојуз. Читателите на едно психолошко списание не можеле да направат разлика меѓу неозначените активности на САД и СССР (што освен тоа покажува и дека нивните активности биле многу слични).
  6. Сликите на непријателот водат кон предрасуди во начинот на кој се атрибуираат мотиви кон позитивните и негативните акции на непријателот.

Ова укажува дека сликите за непријателот го искривуваат нашето мислење влијаејќи врз нашите сознајни процеси како вниманието, помнењето и атрибуцијата. Сликите за непријателот се универзални и се јавуваат во различно време, на различен простор и под различни уредувања. Начинот на кој може да се влијае врз оваа појава е преку едукација и кревање на свесноста кај луѓето за оваа тенденција.

Извор: Да се расклопи маската на непријателството – прирачник за психологијата на сликите на непријателот; психолози за социјална одговорност




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.