Како спиењето после учење ја зголемува меморијата

Спиењето кое што следи после учењето ги охрабрува мозочните клетки да создаваат конекции со други мозочни клетки, покажува едно истражување за прв пат.

како спиењето после учење ја зголемува меморијата

Конекциите наречени ‘рбетни дендрити, овозможуваат проток на информациите преку синапсите. Откритијата, објавени во престижното списание „Science“, се првите кои покажале дека физичките промени во моторниот кортекс резултираат од учење и спиење.

Еден од истражувачите, Wen-Biao Gan, вели:

“Ние знаеме од поодамна дека спиењето игра важна улога во учењето и меморијата. Ако не спиеш доволно нема ни да научиш доволно. Но кој е ‘виновниот’ физички механизам одговорен за овој феномен? Овде покажавме како сонот помага на невроните од многу специфична конекција на дендритните гранки, кои што може да одржат долготрајна меморија. Ние исто така покажавме, како различни видови на учење од синапсите на различни гранки од исти неврони, сугерираат дека учењето причинува многу специфична структурална промена во мозокот.”

Резултатите доаѓаат од студирање на глувци кои биле генетски модифицирани со флуросцентен протеин во нивните неврони.

Со помош на ласерски скенерски микроскоп, флуросцентниот протеин им овозможува на научниците да го следат и имитираат ‘рбетниот дендрит пред и по учењето на некоја нова вештина; во овој случај одржување баланс во тркало кое ротира.

Како спиењето после учење ја зголемува меморијата

На некои од глувците им било дадено да спијат откако ќе научеле како да се балансираат на тркалото, додека на други не им давале. Во мозокот на тие глувци на кои што им било дадено да спијат имало поголем раст на дендритниот ‘рбет. Во продолжение, видот на задачата што глувците ја учеле – зависно од тоа дали трчале напред или наназад во тркалото влијаело каде дендричниот ‘рбет растел.

Gan заклучил:

“Сега знаеме дека кога ќе научиме нешто ново, некој од невроните ќе направи нова конекција на некоја специфична гранка. Замислете дрво на кое му растат листови (‘рбет) на една гранка, а не на друга. Кога ќе научиме нешто ново е исто како кога ќе изникнат ливчиња на некоја специфична гранка.”




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.