Каква исхрана и активности му се потребни на мозокот?

Како секој орган, така и мозокот не е имун на стареење. Од 20-тата па се до 90-тата година неговата маса во просек се смалува од 5 до 10 посто. Со текот на годините слабеат рефлексите, се успорува движењето, говорот станува побавен, а исто така слабее и помнењето. Особено, краткорочното кое е клучно за стекнување на нови знаења и вештини.

На мозокот му треба фитнес: Помлад ќе го направат постојани активности и боровинки

Но, добра вест е дека мозокот како оној на глувците е возможно да се одржи млад преку редовно тренирање. Научниците сметаат дека една од причините на менталното пропаѓање претставува тоа што паралелно со стареењето се намалува и протокот на крв, со што се насобира холестерол и масти. Преку високиот крвен притисок вените пукаат, а во подоцнежните години од нашиот живот тоа може да предизвика многу штета особено ако се неоткриени или се случат во мозокот. Иако во просек, мозокот тежи само 1.4 кг, што претставува околу два проценти од целосната маса на телото, мозокот сепак троши дури 20% од кислородот во телото.

По мислење на научниците, друга причина за оштетување на мозокот претставува оксидативниот стрес, поврзан со штетните дејства на слободните радикали кои „дивеат“ кога исхраната е сиромашна со антиоксиданси. Кога клетките во мозокот умираат или се оштетени, здравите неврони ги напаѓаат хемикалии. Ако изгубите 40 или повеќе проценти од вашите неврони, последицата може да биде и Паркинсонова болест.

Но, научниците веруваат дека стареењето можеби има можност да се успори и одложи. Со нив се согласува и еден угледен хрватски невролог, проф. др. Иво Лушич, директор на Клиниката за неврологија КВЦ во Сплит.

Лушич вели:

„Стареењето не значи дека ќе ослабне и менталното здравје. Ако некоја болест не предизвика оштетување или умирање на клетките, поголемиот дел од невроните до крајот на нашиот живот ќе останат здрави. Проблемот не е во бројот на нервните станици, туку во намалувањето на бројот на меѓусебните врски помеѓу тие станици, кои примаат, обработуваат и пренесуваат информации во внатрешноста на мозокот.“

Поради не користење на тие врски помеѓу невроните, ние самите почнуваме да забораваме работи кои порано и од сон да не разбуделе, би ги знаеле. Но, тие информации најчесто се изгубени некаде во мозокот, а ние поради ослабените врски помеѓу невроните не можеме да ги пронајдеме.

Но, ако постојано учите и развивате нови способности, врските помеѓу невроните ќе бидат зајакнати, капацитетот на мозокот ќе се зголеми, а со тоа и целиот негов сиситем подобро ќе функционира.

– „Кондицијата можеби може значително да се подобри преку почести телесни активности и постојано соочување со нови предизвици, а сето тоа ќе доведе до послабо успорување на менталните функции“ – тврди Др. Лушич и додава дека добро истренираниот мозок на некој постар човек може да биде многу попродуктивен од мозокот на некој помлад.

Исхраната е битна

И мозокот бара квалитетна храна. Највеќе му се потребни антиоксиданси, бидејќи мозокот троши дури 20 проценти од кислородот што го добива организмот.

Правете мускули

Преку физичките активности нашето тело, нашиот мозок добива повеќе кислород, кој е неопходен за создавање на врската помеѓу невроните.

На мозокот му треба фитнес: Помлад ќе го направат постојани активности и боровинки

Мозокот се обновува цел живот

Психичките способности со стареењето се намалуваат поспоро отколку физичките. Иако е многу битно колку брзо ќе старееме во биолошка смисла, активното користење на мозокот како на пример, учењето може да ја да сочува функцијата на мозокот многу подолго. На нашите психички функции влијае и начинот и стилот на живот кој го живееме – изборот на храна, количината на стрес, друштвениот живот, квалитетниот сон и редовното вежбање.

Мозокот учи низ целиот живот, така да тој има способност да зачувува нови знаења и вештини. Тоа негово својство овозможува да се формираат нови врски помеѓу постојаните станици во мозокот и да се надоместат оние кои што пропаднале.

И во 100тата можете да бидете Никола Тесла

Мозокот може да се спореди со мускулите. Ако не ги користиме, мускулите, тетивите и лигаментите се губат, истото се случува и со мозокот кој не е во функција.

Постојаното учење помага во превенцијата и одлагањето на Алцхајмеровата болест.

Но се повеќе постари луѓе, се помалку се движат и скоро целото свое време го поминуваат дома. Тоа често доведува до емоционални проблеми и депресија, а тие негативно влијаат на општата мотивација.

Поради чувството на осаменост и постојаното живеење на едно место луѓето најчесто се поврзуваат со медиумите како телевизијата која пасивно ги пренесува информациите и тогаш мозокот станува мрзлив.

Настојувајте да правите што е можно повеќе активности, со тоа ќе му помогнете на вашиот мозок а и на самите вас да бидете што е можно повеќе млади.

Читањето книги се покажало како добра стратегија за спас од падот на конгнитивните функции, а исто така и пишувањето. Запишувајте мисли, развивајте креативност со поставување на нови предизвици. Шахот и другите мисловни игри може многу да помогнат во менталната стимулација и да ја развијат активноста на мозокот.

Лав Толстој

Славниот руски писател научил да вози велосипед на 67 години, а исто така пишувал и до крајот на својот живот.

Кралицата Викторија

Со своите 68 години научила хинди, најраширениот од индоариските јазици.

И мозокот сака здрави работи

  • Оревите споро ослободуваат енергија и богати се со антиоксиданси, железо и омега 3 масни киселини па се до протеини и витамин Е. Исхрана која вклучува повеќе од два проценти ореви може потполно да ги стопира, па дури и да ги поправи конгнитивните и моторните недостатоци кои се последица од стареењето на мозокот.
  • Боровинките се корисни во успорувањето на деменцијата и последиците од Алцхајмеровата болест и исто така придонесуваат за поголема способност за учење и подобри моторни способности.

На мозокот му треба фитнес: Помлад ќе го направат постојани активности и боровинки

  • Доматот содржи ликопен, антиоксиданс кој ги подобрува конгнитивните функции и го намалува ризикот од дегенеративните ментални заболувања и помага од штетата предизвикана од Алцхајмеровата болест.
  • Рибата, а посебно лососот и туната имаат големо количество на омега 3 мсни киселини кои помагаат во одржување на здрав нервен систем, го зголемуваат помнењето, особено кај старите луѓе. Туната содржи и аминокиселини кои ги обновуваат и подобруваат функциите на мозочните клетки. Јадењето риба на неделна база може да го намали ризикот од деменција, мозочниот и срцевиот удар па се ублажување на последиците од стресот.
  • Црната чоколада покрај антиоксидансите содржи и минерали како магнезиум и железо кои помагаат при преносот на кислородот до мозочните клетки.



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *