Кампања за поддршка на семејства на лица со болести на зависност

Здружението Доверба е формирано 1995 година како невладина организација за превенција и борба против зависности и намалување на штетните последици од употреба на истите, помош и поддршка на лицата и членовите на нивните семејства во лекување, рехабилитација и ресоцијализација. Отворено е од страна на лица кои се соочуваат со истиот проблем како и нивните семејства и пријатели.

Од месец јули започнува проектот „Кампања за поддршка на семејства на лица со болести на зависност“, финансиран од Град Скопје.

Секојдневното живењe со  лице зависно од ПАС е проблем на целото семејство и истовремено се однесува на целото семејно функционирање. Токму поради тоа е неопходно вклучување на целото семејство во третманот на лекување, ресоцијализација и рехабилитација на лицето зависно од ПАС. Лицата кои е предвидено да се вклучат во оваа кампања се членови на семејството и поширокото опкружување на зависникот, се со цел доближување на проблемот со зависноста и негово конструктивно разгледување, што од своја страна треба да донесе поефикасен третан на зависникот и пофункционално семејство.

Поради стигматизацијата, корисниците на дрога и нивните семејства се истуркани од маргините на општеството. Со нарушени човекови права, семејни односи, неможност за социјално вклучување и слаби финански примања се соочуваат со секојдневна тортура. Со висока стапка на сиромаштија кај овие семејства се јавува неможност за обраќање кон професионални лица кои ќе им пружат помош и советување.

Целта на проектот е преку медиумска кампања да се приближи секојдневието на целната група и нивните семејства до општата популација и проблемите со кои се соочуваат поради стигмата која владее во нашето општество. Да се охрабрат нивните семејства да се обратат во здружението и да ја побараат помошта која им е потребна. Медиумски да се доближи до јавноста овој проект кој нуди поддршка и советување на семејствата на лица со болест на зависности.

Она што е предвидено како активност од месец август е разговор со родителите, држење групи и советување. Вклучен е и тим на психолози и психијатри кои веќе работат на друг проект, а стојат на располагање за советување и помош. Предвидено е активностите да се одржуваат секој четврток од 17 до 20 часот во просториите на Здружението.

Повеќе информации и закажување термин во канцеларијата и советувалиштето на:

Тел: 02 60 92 022

Адреса на советувалиштето: ул. Македонија 5-1/1

http://doverba.org.mk/




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.