Карпман Драма Триаголник: Улоги на Прогонител, Жртва и Спасител

Основниот концепт на Карпман Драма Триаголникот е поврзаноста меѓу одговорноста и моќта и нивниот однос кон границите.

Улога на Прогонител, Спасител и Жртва

Карпман Драма Триаголникот e предложен од страна на Стивен Карпман, со цел да прикаже модел на дисфункционална интеракција и однесување меѓу две или повеќе лица. Истиот поставен е врз основа на моделот на Трансаксциона Анализа предложен од страна на Ерик Берн (во ‘50-тите). Хипотезата на Берн е дека луѓето формираат шема која е суштински поврзана со верувањата на личноста за тоа која е, каков е светот и како таа е поврзана со светот, како светот е поврзан со неа и како другите ја третираат. Дел од психолошките теории предлагаат дека оваа шема се формира до четвртата или петтата година од животот. Шемата на интеракции и однесување се формира врз основа на воспитанието на личноста, нејзиното искуство и начинот на кој ги интерпретира стимулсите кои се надвор од внатрешната референтна рамка.

Улогите на Прогонител; Спасител и Жртва се портрети на психолошки игри. Служат за игри на моќ и ја спречуваат психолошката еднаквост во односите.

Секој агол на триаголникот е претставен со улога која ја играме во животот. Една е прогонител, друга е жртва и трета е спасител. Ако некој во овој триаголник ја промени улогата, другите две улоги се менуваат исто така.

Улога на Прогонител, Спасител и Жртва

Прогонител„Сè е твоја вина“

Прогонителот ја обвинува Жртвата и го критикува однесувањето на Спасувачот, без да понуди водство, помош или решавање на проблемот. Тие се критични, непријатни и добри во наоѓање виновник. Во позадина често чувствуваат несигурност. Поставуваат контрола преку закани, ред и ригидност. Може да бидат тивки или гласни и понекогаш насилни.

  • Поставува строги ограничувања непотребно
  • Обвинува
  • Критикува
  • Ја угнетува жртвата
  • Се мобилизира со гнев
  • Цврст, авторитетен став
  • Критичен родител

 

Жртва„Кутар/а јас“

Жртвите се беспомошни и безнадежни. Тие ја негираат одговорноста за нивните негативни околности и ја негираат моќта која ја имаат за да направат промена. Улогата на жртва вклучува правење помалку од половина од тоа што се може, не заземање став, голема чувствителност, потреба за инфантилен третман и некомпетентност.

  • Се чувствува виктимизирано, обесправено, беспомошно, безнадежно, немоќно, посрамено.
  • Бара Спасител кој ќе ги одржува неговите/нејзините негативни чувства.
  • Ако личноста останува во позиција на Жртва, блокира донесување одлуки, решавање проблеми, задоволство и саморазбирање
  • Став на разочараност

 

Спасител„Дозволи да помогнам“

Спасителот постојано прави краткорочни решенија за проблемите на Жртвата, додека ги запоставува своите потреби. Секогаш работи напорно за да им „помогне“ на другите луѓе. Често е загрижен/а, умор/на и има физички тегоби. Често во позадина чувствува гнев и може да има тивок или гласен стил. Ја користи винта за да го добие тоа што го сака.

  • Спасува кога навистина не сака.
  • Се чувствува виновно ако не спасува.
  • Ја поддржува зависноста кај жртвата.
  • Дава дозвола за пропаѓање.
  • Очекува пропаѓање со цел да спасува.
  • Конфлуентен родител

 

Додека една здрава личност повремено влегува во секоја од овие улоги, патолошките играчи на улоги избегнуваат да излезат од удобноста на улогата која ја имаат во играта. Исто така, ако нема нови непријатности да се случуваат на нив или на нивните блиски, тие секогаш ќе создаваат нови за да ја одржат својата улога. Во секој случај, овој триаголник е инструмент за уништување. Единствениот начин да се излезе од него е да се прифати улогата на „возрасен“ и да не се учествува во играта. Особено кај патолошките случаи, за надминување на овие деструктивни улоги, потребна е помош преку психотераписка работа.



Психолог, Интегративен и Гешталт советник.
Основач, координатор и советник во здружението за едукација и развој „Психоинтегра“.
Области на интерес и делување: Психолошко советување, Психотерапија и Човечки ресурси.
Aвтор на психолошки текстови кои помагаат во продлабочување на увидот во сопствената личност и поттикнуваат градење вредности и вештини за поисполнето и задоволно живеење.
Поаѓа од идејата дека личната среќа започнува од контактот со себе и се остварува низ контактот со околината.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *