Казната ја руши детската самопочит

Удар по рачињата или викање е популарна воспитна мерка на повеќето родители. Дајте им избор на вашите деца, имајте реални очекувања и не реагирајте во бес.

Одземање на играчката, терање во ќош, забрани, викање, лесни удари по задникот или рацете се казните кои ги применуваат родителите.

„Детето може да сфати што сакаат родителите од него затоа што стравот од казна може да биде делотворен, но тоа нема да помогне во здравото раснење“ – тврди Наталија Станковиќ, психолог од Психолошкиот центар „Развој“.

Казната ја руши детската самопочит

  1. Препознајте ги потребите. Утврдете која е подлогата за лошото однесување. Имајте реални очекувања. Не е возможно детето да седи мирно саат и пол додека вие го пиете вашето кафе.
  2. Прифатете ги емоциите на детето. Прифатете ги како пријатните, така и непријатните емоции. Сите тие се потребни за здрав емоционален развој.
  3. Пред да реагирате, размислете за своите чувства. Дишете длабоко и откријте зошто ве лути однесувањето на детето. Бидете свесни дека тоа не е одговорно за вашите чувства.
  4. Ако сте премногу вознемирени, тргнете се на страна. Дури кога ќе се смирите, одлучете рационално што ќе направите.
  5. Објаснете му на детето зошто барате нешто од него. Имајте ја на ум неговата возраст и што тоа може да сфати. Објаснете му како неговото однесување влијае на вас.
  6. Пронајдете алтернатива и јасно кажете ги очекувањата. Наместо „не трчај“, речете „оди полека“. Наместо „ти си лош“, речете „сакам да ме сослушаш кога ти зборувам“.
  7. Дајте му избор и допуштете му да учи од сопствените искуства. Нека одлучи само со што ќе си игра, колку ќе јаде, што ќе облече…
  8. Припремете го детето. Објаснете му како очекувате да се однесува на гости или што може да одбере додека купувате.

Клучот е во комуникацијата

Казната го нарушува детското чувство на самопочит, па добро би било наместо тоа, да поработите на комуникацијата.

Смејте се повеќе

Родителите ја креираат атмосферата во која расте детето. Не доживувајте сè премногу сериозно, советува психологот Станковиќ.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.