Клучот на детската самодоверба

Со развој на позитивната слика за себе, детето стекнува предуслов за подобар школски успех, интегрирање во друштвото и семејството, а најмногу влијае на неговото однесување во повозрасната доба.

Самодовербата не е вродена доблест, таа се обликува во текот на растењето. Основен предуслов за развој на самодовербата кај детето е тоа да се чувствува сакано и прифатено. Студиите покажуваат дека проблемите со самодовербата најчесто се појавуваат околу десеттата година од детскиот живот. Постојат разни техники со кои родителите можат да го поттикнат детето да создаде позитивна слика за себе.

Клучот на детската самодоверба

Немојте да го етикетирате детето

Ако го нарекувате вашето дете „срамежливо“, „нервозно“ или со други слични изрази, ќе придонесете тоа да се чувствува поразлично и помалку вредно од другите. Таквите етикети на некој начин стануваат само-исполнувачко пророштво, тврдат некои психолози.

Слушајте го активно

Ако вашето дете сака нешто да ви каже, да се пожали или само да прераскаже некоја случка, важно е да го слушате активно. Така тоа добива впечаток дека неговите мисли и чувства се важни, а со тоа се учи и полесно да ги изразува.

Објаснете му дека сите луѓе понекогаш се несигурни

Ако детето сфати дека не е ништо поразлично од другите луѓе, ќе добие впечаток на вклопеност и интегрираност во друштвото. Исто така, со тоа се дава важна лекција, па тоа ќе учи да ги анализира и туѓите причини за нечие однесување кои потоа може да ги пренесе на себе.

Бидете позитивен пример

Како и со сè друго, и за самодовербата на детето најважни се родителските примери. Се критикувате ли самите себе пред детето или им дозволите на другите да го прават тоа, ќе му дадете до знаење на детето дека тоа е нормално однесување.

Фалете го, но бидете умерени

После успешно завршена задача, спортски успех или добри оцени, детето треба да се пофали. Сепак, ако постојано го фалите вашето дете тогаш тоа губи на веродостојност. Подобро прашајте го детето „зарем не си горд на себе?“ и со тоа да го поттикнете да размислува само за своите достигнувања.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.